9.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаВо МВР се позирало и со апарат за Нес кафе, не само...

Во МВР се позирало и со апарат за Нес кафе, не само со фрижидер!

spot_imgspot_img

Објавата на Македонски полициски синдикат, во која се пофалија дека Совет Велес набавил средства со кои купил и му предал на користење еден фрижидер на претседателот на ОО Кавадарци, Горан Ѓелов, со цел создавање на побезбедна работна средина и безбедни и здрави услови при работа за своите членови, наиде на урнебесни реакции кај јавноста.
Фотографиите на кои десетици вработени во полицијата позираат покрај фрижидерот, масовно се споделуваат на социјалните мрежи, а чести се коментарите дали истите се веродостојни, и како може да се прави свечен чин со групно позирање поради набавка на еден фрижидер.

Но, ако се разгледа официјалната страница на Македонски полициски синдикат, ќе се забележи дека ова не е прв пат да се позира, и тоа покрај електрично ѓезве за кафе, апарат за нес кафе, апарат за капучино, греалка, телевизор… Под секоја од фотографиите е појаснето дека Македонски полициски синдикат ги подобрува условите за работа ширум републиката.

Фрижидер исто така добиле и вработените во ОВР Демир Хисар, лани во ноември, и тогаш речиси двојно повеќе луѓе позирале покрај него.

Околу тоа како гледа јавноста на овие објави, доволно е да се прочитаат коментарите, критиките, но и шегите кои се оставаат на социјалните мрежи.
Актуелно е прашањето- Зарем со фрижидер или ѓезве треба да се прави промоција на една институција како што е синдикатот?

Околу тоа како реагира на низата критики на сметка на објавата со фрижидерот, се обидовме да стапиме во контакт со претседателот на Совет на МПС Велес, Трајче Цветков, кој заедно со потпретседателот на МПС Зоран Крстев, му го предадоа фрижидерот на претседателот на ОО Кавадарци, Ѓелов. Добивме одговор дека тој ќе биде достапен за разговор во тек на утрешниот ден, бидејќи бил на викенд со сопругата.

Дали и во иднина ќе продолжи традицијата да се позира покрај обезбедените електрични бокали, греалки и фрижидери, по острите јавни критики, или пак надлежните ќе започнат да се водат според мотото – Давај, ама не се фотографирај, ќе покаже времето, односно наредната акција на Македонски полициски синдикат, кога повторно ќе обезбедат производи од бела техника за потребите на нивните членови.

Вики Клинчарова ФОКУС

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...