8.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Нема повеќе одложување на пописот, Вмро бараше да биде во септември?!...

Заев: Нема повеќе одложување на пописот, Вмро бараше да биде во септември?! Е во септември ќе биде !!

spot_imgspot_img

На десетина дена пред официјалниот старт на пописот, премиерот Заев категоричен дека ново одложување на оваа статистичка операција нема да има.

Убеден е дека недостатокот од реонски попишувачи по продолжувањето на рокот за пријавување ќе биде пополнет, а во однос на моменталната епидемиолошка слика во земјава потенцираше дека уште на лидерската средба во април укажал на можноста од влошување на состојбата со Ковид-19 наесен, но по барање на опозицијата пописот бил одложен за месец септември.

И од Државниот завод за статистика за Канал 5 тврдат дека проблемот со недостаток на попишувачи веќе се надминува. Велат бројот на теренски инструктори е веќе пополнет, а по продолжувањето на повикот за реонски попишувачи, кој истекува за два дена, се пријавиле и дополнителни 1200 граѓани. И од статистика се уверени дека пописот ќе се спроведен непречено во предвидениот рок од 5 септември до 30 септември и дека засега не постои опција за негово повторно одложување.

Во меѓувреме, продолжува попишувањето на Македонците од дијаспората преку онлајн апликација, каде досега се евидентирале над 190.000 граѓани.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец

Насловна / Македонија Објавено на: April 26, 2024 Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец! Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби казино во тетовското село Лешок бил...

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...