11.9 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаЗапрена изградбата на три модуларни болници во Скопје

Запрена изградбата на три модуларни болници во Скопје

spot_imgspot_img

Од неделата запрени се сите градежни активности на три модуларни амбуланти во Скопје, потврдуваат за Фактор извори од здравствениот сектор. Велат дека на местото на старите амбуланти во Ѓорче Петров, Бутел и во Ново Лисиче овие неколку дена има само лица кои ги обезбедуваат објектите, но не и работници.

Градежните активности за трите модуларни амбуланти во Ѓорче Петров, Бутел и Ново Лисиче кои треба да ги заменат руинираните бараки од старите амбуланти траат веќе цел месец. До крајот на септември требаше да бидат готови, но нивната изградба е запрена. Според зацртаната динамика, по нивното целосно пуштење во употреба кон крајот на месецов, веднаш од почетокот на октомври требаше да се почне со изградба на уште две модуларни амбуланти и тоа во тафталиџе и во Автокоманда. Официјалне допис дека е запрена и зошто е прекината изградбата на овие објекти од Министерството за здравство нема, велат изворите на Фактор.

Оттаму, како што истакнуваат, претпоставките за прекин на градежните работи околу изградбата на модуларните објекти се поради актуелностите поврзани со нивната безбедност безбедност по трагедијата во тетово, кога само за неколку минути изгоре модуларната ковид болница во која животите ги загубија 14 луѓе.
Извор: Фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...