16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаСветИрачките власти го уапсија „министерот“ за финансии на Исламска држава

Ирачките власти го уапсија „министерот“ за финансии на Исламска држава

Ирачките власти соопштија дека висок водач на џихадистичката група Исламска држава и долгогодишен оперативец на Ал Каеда, Сами Јасим бил уапсен во прекугранична операција.

Веста ја објави на Твитер ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадими, кој истакна дека тоа била една од најтешките прекугранични разузнавачки операции, спроведени од ирачките безбедносни сили.

Стејт департментот, во рамки на програмата Награди за правда, понуди пет милиони долари за „главата“ на Јасим и го претстави како клучна фигура за управување со финансиите за операциите на ИД.

Додека бил заменик лидер на ИД во Мосул во 2014 година, Јасим, наводно, бил еквивалент на министер за финансии на ИД, кој ги надгледувал приходите од илегалната продажба на нафта, гас, антиквитети и природни ресурси.
Додека бил заменик лидер на ИД во Мосул во 2014 година, Јасим, наводно, бил еквивалент на министер за финансии на ИД, кој ги надгледувал приходите од илегалната продажба на нафта, гас, антиквитети и природни ресурси.

Јасим работел со водачот на Ал Каеда во Ирак, Абу Мусаб ал Заркави, јордански оперативец, кој беше убиен во американскиот воздушен напад во Ирак во 2006 година.
.
Denesen.Mk

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...