14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаВечерва Петре Шилегов едвај чекаше да заврши емисијата и да си замине...

Вечерва Петре Шилегов едвај чекаше да заврши емисијата и да си замине од студиото?!

Вечерва Петре Шилегов едвај чекаше да заврши емисијата и да си замине од студиото. Имено, сите кандидати за градоначалници на Скопје Шилегов го потсетија на ветените и нереализирани ветувања и на сите негови грешки.

„ЌЕ градоначалници и ЌЕ проекти на скопјани повеќе не им се потребни“, нагласи Арсовска на Шилегов. Арсовска го потсети дека Шилегов е тој што ветуваше на граѓаните, а ништо не оствари.
„Позагадено од овие четири години на чело со господинот Шилегов не може ни да биде. А, во контекст на реченицата на Шилегов дека сме договорени сите да ве напаѓаме, најодговорно тврдам и гледам во камера, и во очи на граѓаните, единствениот човек овдека со кој што некогаш сум се договарал сте Вие господине Шилегов“, нагласи Бени Шаќири.

Шаќири го потсети и како го качил на бина Шилегов кога станал градоначалник и на ветувањето како му ветувале од СДСМ дека ќе стане директор на МКЦ.

„Немојте да мислите дека сте најпаметен, затоа што јас точно знам колку знаевте кога дојдовте 2017-та за градоначалник. Можеби сте добар правник, но градоначалник сте лоши“, рече Шаќири.

Александар Тортевски го запраша Шаќири како го оценува проектот „Тунел под Кале“, Вие требаше да патувате по тој тунел и веќе требаше да бидат почнати работите.

На ова прашање Шаќири одговори – „Изузетно лош и изневерувачки затоа што една вечер застанав, пробав да го поминам тунелот, али сфатив дека тунел не постои“.

Петар Георгиевски на прашање на Ана Петровска за градежниот шут како ќе се справи одговори – „Госпоѓо Ана, јас ќе бидам менаџер на градот и имам задолжено три сериозни луѓе кои се занимаваат со тоа, сега не би ви ги кажува имињата затоа што одма господинот Шилегов ќе ги препише“.

Данела Арсовска ја запраша Ана Петровска дали успеала реализирани да ги види проекти како монтажни паркинзи кај „Чаирчанка“ и „Џон Кенеди“, сообраќајно решение на „Јаја Паша“, дали е пробиен патот по „Илинденска“ спрема Ѓорче, дали има врска „Матка“ со автопатот, дали е реализиран кружниот тек на влезот на Скопје кај Сарај, дали е направен булеварот „Хрватска“, дали е направен натпатникот кај Алколоид.

Петровска договори – „Ние правевме анализа во однос на тоа што од ветувањата на господинот Шилегов е реализирано, и само е реализирано помалце од 50% од неговите ветувања. А, тоа е многу малку ако биле сериозни во своите ветувања требале да бидат пореалистични“.
Извор: Инфоамакс

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...