6.9 C
Ohrid
вторник, март 19, 2024
ПочетнаМакедонијаГлавните готвачи на кралицата Елизабета, на Макрон и на Елтон Џон „опиени“...

Главните готвачи на кралицата Елизабета, на Макрон и на Елтон Џон „опиени“ од вкусот на македонскиот органски сок

– Главните готвачи на кралицата Елизабета, на францускиот претседател Емануел Макрон и на светската музичка ѕвезда Елтон Џон, беа дел од жирито на Меѓународниот институт за дегустација од Брисел кое годинава одлучи македонскиот „Биоплант“ цеден органски сок од гоџи, вишна и јаболко да ја добие престижната награда „Superior Taste Award 2021“.

Жирито броеше 200 члена, меѓу кои и најдобрите светски готвачи и сомелиери од 20 држави. Но, „Биоплант“ соковите неодамна се закитија и со уште една голема меѓународна награда – „Grate Taste 2021“, овој пат од 500-членото жири на „Guild of Fine Food“ од Велика Британија – најстарата светска манифестација за оценување на квалитетот на храната и пијалаците. Секој пријавен производ на овој „натпревар“, „исправен“ пред готвачи, сомелиери, купувачи и трговци, добива директни, јасни, непристрас.

готвачи, сомелиери, купувачи и трговци, добива директни, јасни, непристрасни и искрени мислења врз основа на многу изострени критериуми. Како е да се биде добитник на вакви награди, колку се тие битни за нашите компании, за производителите и преработувачите, дали ги отвораат вратите на светските пазари и што всушност значи да се има квалитетен производ?

МИА поразговара со Ванчо Зрнцев, сопственик на компанијата „Биоплант“ која, освен органски сокови, произведува и саден материјал за гоџи бери и го промовира органското произвоство кај локалните кооперанти. – Ова е прв случај некој македонски сок да освои вакви престижни меѓународни награди, што секако, претставува огромен успех за нас. Тоа, практично, е и потврда за квалитетот на нашите органски сокови. Со производство на органски сокови стартувавме есента, 2018 година, но во 2014 година почнавме со агро-бизнис, со градење мрежа на кооперанти кои од нас набавуваа садници од гоџи бобинки и ги одгледуваа само за нашите потреби.

 

Така направивме сопствена суровинска база. Гоџито е највредната состојка во нашите органски сокови. Се уште не ги користиме нашите капацитети за производство максимално, 12 месеци годишно, зашто сега произведуваме по 16.000 шишиња од 250 милилитри дневно, односно по околу четири тони сок спакуван во стаклена неповратна амбалажа, која е најдобар избор кога станува збор за премиум производите, истакнува Зрнцев. Моментно, „Биоплант“ произведува четири различни 100-процентно органски цедени сокови, без додаток на шеќер, вода и конзерванс: сок од јаболко, потоа од гоџи и јаболко, сок од гоџи, вишна и јаболко, како и сок од гоџи, малина и јаболко. Соковите се застапени на домашниот пазар во одбрани ланци маркети, но претежно се извезуваат, најчесто во земјите од Блискиот Исток, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Неодамна компанијата потпиша ексклузивен договор и со дистрибутер од Филипини. Количините на производство зависат од реколтата на органските овошја што компанијата ги откупува: гоџи, јаболко, вишна и малина.

Како што потенцира Зрнцев, многу се води сметка при одбирањето на плодовите. Особено се внимава тие да бидат здрави. Плодовите потоа се мијат, мелат и пресуваат, а сокот се пакува во стаклена амбалажа, бидејќи во неа вкусот останува непроменет. За да се спречи влијанието на сончевите зраци врз квалитетот и вкусот на сокот, се користи современа технологија со која се прекрива целото шише со специјална фолија. – Суровините за нашите сокови се произведуваат ширум земјава. Најмногу користиме преспанско органско јаболко, кое е основата на нашите сокови. Наместо вода, нашите сокови содржат цеден сок од органски јаболка. Количините варираат од година в година, па така, оваа година на пример, очекуваме да откупиме повеќе од 400 тони органско јаболко, објаснува Зрнцев и додава дека заедно со другите откупени количини органско овошје, веќе неколку години по ред се најголемиот откупувач на македонско органско овошје.

Во фирмата се вклучени сите членови на неговото семејство. Тие работат во различни сектори зашто „Анима“ се занимава со повеќе бизниси и нуди разновидни производи и услуги, кои меѓусебно не се поврзани. – Засега не сме користеле никакви субвенции, ниту пари од фондови. Државата го стимулира органското производство, но мислам дека не треба да се субвенционираат само земјоделците, туку и производителите на органски производи, зашто без нашето вложување во откупот, опремата и производството, повеќето земјоделци ќе се откажат од органското производство кое е доста поскапо од конвенционалното.

Би сакал да го посочам и проблемот што го имаме со високиот ДДВ, кој изнесува 18 проценти. Дали сокот е органски или е обичен безалкохолен пијалак, данокот е ист. Ако може храната да има пет отсто ДДВ, без разлика дали е органска, конвенционална, па дури и ГМО, тогаш зошто да нема некаква даночна динстинкција кај органските сокови? Така цените би биле поприфатливи за купувачите, напоменува Зрнцев.

Пораката на овој успешен агробизнисмен е постојано да се учи и да се работи, да се следат трендовите. – Но, секако, во оваа работа мора да се биде и многу трпелив, зашто успехот не доаѓа преку ноќ. Верувајте дека ќе успеете и следете ја својата интуиција, вели Зрнцев. Наградите на кои е исклучително горд, се само доказ, нагласува, дека и кај нас има производители кои прават премиум производи, кои може да се носат рамо до рамо со големите и моќни странски производители на сокови. .

.

.Мирјана Чакарова Миа

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Костадиновска-Стојчевска: Го исполнивме аманетот на нашите предци – до крајот на 2025 година, нов „Центар за македонски јазик“ во Љубојно

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Елена Јованова-Грујовска, и проф. д-р Елизабета Бандиловска, член на Советот за...

Ковачевски: Не даваме лажни ветувања-Имаме конкретна програма и визија каде ја гледаме Северна Македонија до 2030 година

„На изборите ќе насташиме со искусни членови кои вршеле низа функции и во партијата и во државата. Јас ќе бидам во Изборната едниница 1,...

Николоски: Со оваа власт процветаа криминалот и корупцијата во Македонија, но крајот им се ближи и ќе одговараат пред законот

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија истакна дека со оваа власт криминалот и корупцијата процветаа во Македонија,...

Не се откажувам од претседателската трка! Ни Американци ни свети Американци нема да кажат кој ќе управува со Република Македонија

Им се извинувам на сите Македонци и сите македонски граѓани што сум јас причината за една ваква вознемирувачка вест, истакна на денешната вонредна прес-конференција...