15.9 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаМакедонијаСДСМ: Огромен е стравот на ВМРО-ДПМНЕ од Димитар Ковачевски

СДСМ: Огромен е стравот на ВМРО-ДПМНЕ од Димитар Ковачевски

spot_imgspot_img

Огромен е стравот во опозициската ВМРО-ДПМНЕ од претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, велат од паријата на власт како реакција на обвинувањата дека Ковачевски лажно се претставува како дипломец на Харвард.

„Пропадна обидот на пропагандата на заевизмот да го прикаже пиунот Димитар Ковачевски како дипломец на Харвард. Вистината е дека тој е обичен курсаџија. Има скапо платен тридневен курс“, посочија претходно од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ пак велат дека опозициската партија секојдневно конструира измислици и шири лажни вести за неосновано да го напаѓа Ковачевски.

„На сите објавени биографии и резимеа на претседателот, достапни за целата јавност на интернет, јасно пишува каде студирал, магистрирал и докторирал. Лажните вести се обид за дискредитација на Ковачевски, со што на виделина го покажуваат стравот кој владее во нивните редови“, посочуваат од СДСМ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Вејце ниту се простува, ниту се заборава“ – Македонците паметат! Горат социјалните мрежи на годишнината од крвавиот масакр

Социјалните мрежи се преплавени со објави по повод 23-годишнината од масакрот кај Вејце, откако од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и...

Ахмети: Ништо нема да ѝ се случи на земјата, ако ги ставиме Бугарите во Уставот!

Ние мора да ги решиме проблемите со соседните земји. Ништо нема да ѝ се случи на земјата, ако ги ставиме Бугарите во Уставот. Охридскиот...

23 години од масакрот кај Вејце кога беа ѕверски убиени, а потоа запалени 8 македонски херои

Денеска се одбележуваат 23 години од масакрот кај Вејце — најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Македонија. Масакрот се случи на денешен ден,...

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...