11.9 C
Ohrid
недела, октомври 13, 2024
ПочетнаМакедонијаПаско Кузман: Имам уште многу работа, до мојата 111-та година требa да...

Паско Кузман: Имам уште многу работа, до мојата 111-та година требa да го најдам гробот на Александар Македонски, и да завршам уште неколку книги!!

До мојата 111 година треба да завршам уште неколку монографии за археологијата во Македонија, да го завршам мојот роман и, се разбира, да го откријам гробот на Александар Македонски, вели по неколкугодишен молк во јавноста во интервјуто за МКД.мк и Рес публика Паско Кузман, познатиот македонски археолог, кого колегите сѐ уште го поврзуваат со ренесансата на македонската археологија, а политичарите со антиквизацијата.

А тој вели дека само сака хаосот да го претвори во хармонија. „Тоа ми е животна преокупација. Тоа го правам и по дома, средувам, од хаосот во кујната правам хармонија, од хаосот на една археолошка сонда на Самоиловата тврдина, во почетокот кога сѐ е измешано, слоеви, на колегите им велам дека ова мора да биде средено, чисто како солза, да се гледаат сите слоеви, основата да е чиста, во гробот сите коски да се чисти… Тоа е една моја археолошка опсесија. Тоа го сакам и во општеството. Тоа што во македонските слоеви најмногу ја има антиката, тоа е затоа што таа била најсилна токму на оваа територија. И тоа нема врска со нечие потекло. Овој хаос треба да се претвори во една хармонија и да се приближиме до совршенството што никогаш не се постигнува“, вели Кузман, кој и на 74 години и натаму е ведар и полн со енергија и желба да копа по македонската почва и да го истражува дното на Охридско Езеро.

Што прави денес Паско Кузман, како пензионер?
– Од 24 часа во денот, спијам шест часа, а другото време, помалку или повеќе, пишувам археологија и роман.

Што поточно?
– Работам на монографијата за Самоиловата тврдина, која ја работиме веќе подолго време и сега треба да излезат некои нови резултати. Потоа за Плаошник, еден каталог на сите наоди и по трет пат ја привршувам книгата за подводната археологија на Охридско Езеро. Книгата се вика „Пенелопа и трите заливи“. Оваа книга еднаш беше завршена, па не се отпечати, немаше пари, поточно не ми ја печатеа, потоа вторпат ја проширив и сега третпат ја проширувам и наскоро треба да излезе од печат. Тоа се трите најголеми работи, археолошки книги на кои работам, моите три најголеми работи.

Што е со романот „Париски синдром“?
– Да, работам и на мојот прв роман, „Париски синдром“ е работниот наслов. Но од поодамна немам работено на ова, немав прилики, главно се занимавав со археологија, бавно ми оди некако со романот. Но до мојата 111 година ќе ги завршам моите 11 книги од археологијата и од книжевноста.

Тоа Ви е планот?
– Да, до мојата 111-година се надевам дека вкупно ќе завршам 11 книги од археологија и книжевност.

Денеска не ги носите часовниците. Каде Ви се?
– Намерно не ги зедов, за да ги заборавиме. На ремонт се. Имам 8 часовници и секогаш носам по два-три на мене. Не е тоа за да се прчам. Малку сум забеган по таа работа. На времето имав и џебни часовници.

За повеќе детали,од интервјуто со Паско Кузман ,Тука

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во липковско полицијата пронајде дрога и оружје.

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи...

На денешен ден Колумбо ја открил Америка

На денешен ден во 1492 година прочуениот италијански морепловец Кристофер Колумбо (1451-1506 г.), во служба на Шпанија, по двомесечно пловење, пристигнал на бахамскиот остров...

Децата што се обиделе да силуваат соученик во Ѓорче Петров се првачиња !!!!

Случајот со нападнатото дете во Ѓорче Петров добива посериозна димензија, откако се дознава дека во инцидентот биле вклучени деца од прво одделение. Нападот на...

По повод 11 Октомври, 1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме!

На плоштадот „Матодија Андонов Ченто“ во Прилеп, околу 1200 основци и средношколци денес го формираа македонското знаме во чест на националниот празник „11 Октомври“.