2.8 C
Ohrid
понеделник, декември 11, 2023
ПочетнаМакедонијаОМО “Илинден”-Пирин до Радев: Не сме сепаратисти доста со клевети и лаги...

ОМО “Илинден”-Пирин до Радев: Не сме сепаратисти доста со клевети и лаги за Македонците во Бугарија

Не можеме, а да не реагираме на неодговорните изјави на претседателот на Бугарија Румен Радев за наводните „сепаристичките ставови и претенциозните тврдења за малцинство од личности кои се сретнале со претседателот Стево Пендаровски“, се вели во реакцијата на ОМО “Илинден”-Пирин на денешната изјава на Радев по средбата на македонскиот претседател Стево Пендаровски со претставници на повеќе организации на Македонците од Бугарија.

 

Oд средбата на Пендаровски со Македонците од Бугарија

Изјавата на Радев е лага и клевета и како таква е срамна за сите, а особено за претседателот бидејќи срамот паѓа на сите граѓани, се вели во реакцијата на ОМО “Илинден”-Пирин.

„Нашата партија никогаш не се залагала за некаков сепаратизам. Досега ниту една македонска организација или Македонец во Бугарија не е обвинет, суден или осуден за сепаратистички дејства. Лагата за наводниот наш сепаратизам се користи за да се оправда систематската дискриминација на која се изложени бугарските граѓани со македонска самосвест, што доведе до 14 пресуди против Бугарија од страна на Судот за човекови права. Во последните 18 години дискриминацијата на Македонците во Бугарија е присутна во сите извештаи на меѓународни институции за човекови права.

Затоа Бугарија е ставена под зголемен мониторинг во Комитетот на министри. Но, освен лаги и клевети, изјавата на Радев е израз и на ниска политичка култура. Тој ги поврзува малцинските права со сепаратизмот и во нив гледа нешто лошо и неприфатливо. Да го потсетиме претседателот дека Бугарија ја ратификуваше Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и дека Република Бугарија во минатото официјално го призна македонското малцинство, кое оттогаш систематски е подложно на брутален прогон во комунизмот и денес.

А колку за информација на Радев, бидејќи тој одбива не само да не прими, туку дури и да одговори на нашите барања за средба, се бориме за демократизација и европеизација на Бугарија, за човекови права, за запирање на негирањето на македонското малцинство, запирање на систематската дискриминација, против стигматизацијата, говорот на омраза и маргинализацијата што се применува врз македонското малцинство.

Сакаме на бугарските граѓани со македонска самосвест да им овозможиме рамноправно и целосно да учествуваат во јавниот и политичкиот живот во земјата – нешто што во моментов систематски им се ускратува. Срамота е Бугарија да ја водат политичари со сличен начин на размислување“, се вели во реакцијата на ОМО “Илинден”-Пирин. На оваа изјава на Радев реагираше и Пендаровски кој изјави дека не е негов проблем ако некому му пречи средба со Македонци од каде било во светот.

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Телма на местото на злосторството – За првпат објавено местото каде Вања била закопана

Јавноста се уште не се смирува со реакции по смрта на Вања и Панче кои претходно беа киднапирани. За првпат Телма ТВ успеа да дојде...

Јован Митрески,новиот претседател на Сообрание?

Извори од вледејачката СДСМ брифираат дека претседателот на партијата Димитар Ковачевски, за во недела закажал состанок на раководството на СДСМ. Неофицијално се дознава дека на...

Вмро Дпмне веднаш го разреши претседателот на месниот комитет во Охридско, откако истит бил фатен од страна на полициските службеници како конзумира дрога.

Лицето А.Т по пријавата од МВР за поседување на наркотични средства е веднаш разрешен од местото претседател на месниот комитет во Охридско соопштуваат од...

ЗАГИНА ЛОВЏИЈА ВО КИЧЕВСКО, по грешка застрелан со два истрели

Ловџија од кичевско денеска го загуби животот на лов, откако денеска околу 15 часот бил застрелан од друг ловџија во селото Бигор Доленци, дознава...