18.9 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаШекеринска ја обвини Русија дека стои зад бугарското вето врз Македонија

Шекеринска ја обвини Русија дека стои зад бугарското вето врз Македонија

spot_imgspot_img

Поранешната лидерка на СДСМ Радмила Шекеринска ја обвини Русија дека влијаела преку Бугарија да го блокира македонскиот пат кон Европската Унија. Во емисијата Вин-Вин со новинарката Оливера Трајковска, Шекеринска рече дека Русија се обидела да го спречи македонскиот прием во НАТО, а по тој пораз, своите активности ги насочила кон блокирање на влезот во ЕУ.

Јас упорно тврдам дека проблемот кој што се создаде беше силно инспириран и помогнат од некои надворешни структури. Затоа што во моментот кога станавме членка на НАТО, руската позиција не беше „изгубивме“ бидејќи се противеа на нашето членство на НАТО.

Не, тие брзо се прегрупираа и ја сменија целта. Затоа е некогаш тешко да анализирате кога Русија добива а кога губи. Имаат контролирана јавност, во еден момент велат аха, не признаваме пораз, ќе ја смениме целта. Целта беше да се спречи напредувањето на европски план. Јас сум убедена дека ги искористија своите влијанија во Бугарија за таа цел. Тие влијанија прекуј ноќ нема да исчезнат. Но мислам дека нова свесност ќе има и во одредени кругови во Бугарија, и во Европската Унија, обвини Шекеринска.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...