6.9 C
Ohrid
сабота, јануари 18, 2025
ПочетнаМакедонијаВо Охрид 17.800 СТАНОВИ СЕ ПРАЗНИ, никој не живее во нив

Во Охрид 17.800 СТАНОВИ СЕ ПРАЗНИ, никој не живее во нив

spot_img

Охрид е втор град на листата на градови во Република Македонија со станови во кои не живее никој. Некои од становите се испразнети поради иселување, а други, пак, се купуваат како инвестиција.
Најголем број станови за „резерва“ се купувале во главниот град – 59.300, а најатрактивни се скопските општини Центар и Карпош, каде има над 20 илјади станови без станари. Охрид е втор град на листата со станови во кои не живее никој. Според статистиката, кај нас има 17.820 празни станови, додека во соседна Струга – 10.153. Во Битола, пак, евидентирани се дури 16.063 станови без домаќини.
Цената на становитево Република Македонија за време на кризата вртоглаво расте, но тоа се чини не влијае многу ниту на понудата, ниту на побарувачката. Нови згради продолжуваат да се градат, а побарувачката за нови станови во атрактивните делови на Скопје, како и во туристичките центри Охрид и Струга не стивнува. Квадратот покрај охридското крајбрежје достигна и над 2.500 евра.Последните статистички податоци потврдуваат дека понудата на станови веќе од поодамна ја има задоволено побарувачката, но и покрај тоа и понатаму се гради и се купуваат нови станови. Над 307.187 или 36,6% од становите зјаат празни, додека 531.987 или 63,4% се населени, покажуваат податоците од последниот Попис во 2021 година на Државниот завод за статистика.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Битола 72-годишен дедо влегол во “банка” со хебла и пиштол.

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво...

Македонските ракометари загубија од Холандија, судењето во најмала рака скандалозно

Ракометната репрезентација на Македонија загуби со 37:32 од репрезентацијата на Холандија. Она што остави најголем впечаток е скандалозното судење на данската двојка судии Хансен и...

СКСЗМ: Минималната плата да биде 500 евра, со придонеси како за 22.500 денари

По барањето на Сојузот на синдикати на Македонија да се зголеми минималната плата, Стопанската комора на северозападна Македонија излезе со предлог таа да изнесува...

Собрани се средствата за помош на Ана Радеска

Охриѓани уште еднаш ја докажаа својата хуманост и ги собраа средствата за помош на 16-годишната Ана Радеска, наша сограѓанка која боледува од ретката болест...