18.9 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаМакедонијаЕли Апостоловска, единствена девојка меѓу храбрите, која скокна по крстот во водите...

Ели Апостоловска, единствена девојка меѓу храбрите, која скокна по крстот во водите на Вардар во Велес

spot_imgspot_img

Меѓу 71 православни христијани, кои денеска скокнаа во водите на Вардар во Велес за Богојавление –Водици, беше и единствената девојка, 28 – годишната Ели Апостоловска, вработена во Армијата, во Воената полиција.

Таа досега три пати се пријавувала за учество, а два пати скокала по светиот крст во водите на Вардар.

За МИА, потенцира дека крстот бил блиску до неа, но среќа прв да стигне до крстот имал нејзиниот колега од Армијата, Игор Василевиќ.

Апостоловска потенцира дека и во наредните години за Водици не се откажува и ќе се пријави да скока по крстот во водите на Вардар, а се надева дека ќе и се насмевне среќата и ќе го фати светиот крст за Водици. Воедно, таа потенцира дека е многу среќна што била учесник и е горда што е дел од традиционалната манифестаци, која е многу значајна за христијаните.

Имав преголема желба и така се пријавив. Исто како кога требаше првпат да скокам, така и овој пат, синоќа цела вечере не можев да заспијам од возбуда. Преубаво се чувствувам и сум многу среќна што влегов во осветените води на Вардар.Тоа значи и здравје и среќа, појасни за МИА, Апостоловска.

Ели Апостловска во Армијата работи од 7 септември 2015 година. Прво се вработила во Полкот за специјални операции – Ренџери, па во чета за Логистичка поддршка, а сега е во Воената полиција во Касарната „Илинден“ во Скопје.

Извор:Тв21

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Силјановска ќе добие поддршка од Максим Димитриевски во вториот круг

Се слушнавме и со господинот Максим Димитриевски. Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во Куманово. Очекуваме поддршка за...

Од денес погледот кон небото нема да е ист!

Од денес погледот кон небото нема да е ист! Од денес над нас, тука во Драчево стои еден моќен симбол на верата,...

„Вејце ниту се простува, ниту се заборава“ – Македонците паметат! Горат социјалните мрежи на годишнината од крвавиот масакр

Социјалните мрежи се преплавени со објави по повод 23-годишнината од масакрот кај Вејце, откако од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и...

Ахмети: Ништо нема да ѝ се случи на земјата, ако ги ставиме Бугарите во Уставот!

Ние мора да ги решиме проблемите со соседните земји. Ништо нема да ѝ се случи на земјата, ако ги ставиме Бугарите во Уставот. Охридскиот...