7.1 C
Ohrid
вторник, декември 10, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонците во Пустец го одбележаа Богојавление-Водици, најсреќен Деан Сотир

Македонците во Пустец го одбележаа Богојавление-Водици, најсреќен Деан Сотир

spot_img

Православниот празник Богојавлние-Водици денеска беше одбележан насекаде низ Албанија каде живеат православните Македонци, Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови низ Албанија.

Македонците во Мала Преспа традиционално се собраа во селските цркви и по литургиите што ги одржаа свештениците Алексо Темелко и Ропи Арѓири, според обичаите, со крстот украсен со босилек се упатија кон брегот на Преспанско Езеро, каде се положува крст во сите девет села.

Во Пустец, по богослужбата што во црквата „Свети Атанасиј“, која се наоѓа на брегот на езерото, што ја одржа отец Темелко, осветениот крст во водите на Преспанско Езеро го фати дваесет и тригодишниот студент Деан Сотир.

Со своите сограѓани во Пустец, беше градоначалникот на истоимената општина, Пали Колефски, како на богослужбата, така и при свечениот чин на положување на крстот.

– Посакувам многу здравје, среќа, бериќет и општа благосостојба. Им честитам на сите млади што ја продолжуваат традицијата, посебно секако на Деан, кого од општината соодветно ќе го наградиме, рече за МИА Колефски.

По повод празникот честитки до сите верници упати единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, како и Македонското друштво „Илинден“ и огранокот за Голо Брдо

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Артан Груби со семејството на црната листа на САД

Артан Груби, поранешниот вицепремиер на Македонија, неговото семејство, како и Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд завршија на црната листа на САД. Веста штотуку ја...

Ахмети до Мицкоски: И ние сме незадоволни од компромисот во 2001ва, но тоа е најдобро за сите

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети вечерва oд пред Уставниот суд, каде што од вчера се организира т. н. „Стража на јазикот“,...

Уставен нема да ја преиспитува уставноста на Законот за јазици

Според рефератот на судијата известител, кој ќе биде разгледан од уставните судии в среда, не се предлага поведување постапка за оценување на уставноста на...

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион во Охрид.

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион. Огромен проект за нас од многу аспекти, посебно од спортски и сето...