7.1 C
Ohrid
вторник, декември 10, 2024
ПочетнаМакедонијаПокрај Џамбаски, влез во Македонија им се забранува и на Каракачанов, Ковачев...

Покрај Џамбаски, влез во Македонија им се забранува и на Каракачанов, Ковачев и Врабевски?

spot_img

Красимир Каракачанов, Ангел Џамбаски, Андреј Ковачев и Милен Врабевски неофицијално се споменуваат во списокот на Република Северна Македонија за забрана за влез, пренесе бугарски „Труд“.

„Доколку тоа се случи, се разбира, бидејќи засега се само гласини, тоа ниту ќе ги промени моите убедувања за бугарските национални интереси и Македонија, ниту ќе ме натера да размислувам поинаку, но, за жал, нема да промени ништо ниту во меѓудржавните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија“ – коментира за БНТ Красимир Каракачанов, почесен претседател на ВМРО и поранешен министер за одбрана.

Според него, Скопје се обидува да го префрли фокусот на вниманието по уште еден брутален инцидент врз Бугарите во Македонија. Каракачанов потсети дека прво бил запален бугарски клуб во Битола, потоа биле искршени стаклата на бугарскиот клуб во Охрид, потоа се пукало во истиот клуб, а потоа бил претепан секретарот на овој клуб.

И кога оваа работа не може да се премолчи, Скопје наместо да каже „жалиме, конечно ќе преземеме мерки“, тие се обидуваат да измислуваат други проблеми“, коментира почесниот претседател на ВМРО.

На прашањето кој е виновен што се дојде до овој невиден тон и ситуација, Каракачанов е категоричен: „Бугарија е виновна затоа што нема конзистентна политика на тема Македонија од пред можеби 44 години. Бугарија е проблемот и ова го велам како активен учесник во бугарскиот политички живот“.

По промените, темата „Македонија“ се најде на 5-10 место како приоритетно според Красимир Каракачанов.

„Во текот на сите овие години и бугарските политичари и медиумите во Бугарија размислуваат за темата „Македонија“, кога некој е претепан, кога Бугарин се осудува како Бугарин“, изјави Каракачанов.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Артан Груби со семејството на црната листа на САД

Артан Груби, поранешниот вицепремиер на Македонија, неговото семејство, како и Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд завршија на црната листа на САД. Веста штотуку ја...

Ахмети до Мицкоски: И ние сме незадоволни од компромисот во 2001ва, но тоа е најдобро за сите

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети вечерва oд пред Уставниот суд, каде што од вчера се организира т. н. „Стража на јазикот“,...

Уставен нема да ја преиспитува уставноста на Законот за јазици

Според рефератот на судијата известител, кој ќе биде разгледан од уставните судии в среда, не се предлага поведување постапка за оценување на уставноста на...

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион во Охрид.

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион. Огромен проект за нас од многу аспекти, посебно од спортски и сето...