16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаНепозната фирма во Македонија доби над 2 милиони евра за косење трева...

Непозната фирма во Македонија доби над 2 милиони евра за косење трева и плевел

Директорот на ЈП Државни патишта од ДУИ Ејуп Рустеми склучил договор за тендер со фирма од Челопеци од Кичево за косење на трева, кастрење на гранки и сечење на дрвја во патен појас и тоа во вредност од над 2 милиони евра, откри Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата на „ЗА или ПРОТИВ“ на телевизија Алфа, потенцирајќи дека ова е еклатантен пример за криминал и корупција.

Сакам вечерва да споделам една работа со вас, а која што е поврзана со работењето и на владата, но секако и на политичката партија ДУИ. Имено, јавното претпријатие за Државни патишта каде што директор е Ејуп Рустеми од ДУИ склучило со извесна фирма која што да бидам искрен прв пат ја слушам од село Челопеци Кичево, договор кој што основна цел е цитирам: косење на трева, плевел, грмушки, кастрење на гранки и сечење на дрва во патен појас, чистење и собирање на смет во време траење од 2 години, за потребите на ЈП Државни патишта согласно техничка спецификација и договорот е ни помалку, ни повеќе, туку во износ од над 2 милиони евра. Односно 120 милиони денари без ДДВ, и ДДВ во висина од 21 милион и 600 илјади денари. Значи вкупно некаде околу 140 милиони денари или некаде тоа би дошло околу 240 илјади евра договор за косење на трева, плевел, кастрење на гранки, и сечење на дрва во патен појас, во услови кога исто така министер од политичката партија на ДУИ за образование кажува дека не можат да испечат учебници за сите ученици затоа што нема пари, изјави Николоски.
Избор: Република

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...