12.9 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаМакедонијаГруевски повика членството да не му верува на Мицкоски: Има начини да...

Груевски повика членството да не му верува на Мицкоски: Има начини да ја изразите лојалноста на партијата

spot_imgspot_img

Деновиве Христијан Мицковски и раководството на партијата сурово, жестоко и неочекувано за мене ме нападнаа и обвинија, а од денес е јасно дека водат однапред подготвена кампања против мене, дека наводно сум подготвувал соработка со власта на штета на партијата и нацијата, повторно пишува екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Тоа го направија во време кога континуирано и без исклучок речиси секојдневно жестоко ја напаѓам власта со сите сили и аргументи, и ги бранам националните позиции со аргументи и со историски факти како ниту еден од раководството на партијата, на чело со Мицковски. И во време кога Мицковски и Заев повеќе од половина година не ги негираа објавите на медиумите за нивна блиска соработка и заеднички планови. А националните позиции на Заев добро ни се познати..не сум изненаден Заев да не ме посакува во ист табор со него.

Со оглед дека нивните напади не се вистина, заради што не можат да ги поткрепат ниту со најмал доказ, зборуваат дека некои други луѓе нешто зборувале и планирале, се договарале, се фалеле или слично, но никаде ме нема мене, па така останува дека тие, пред се водени од Мицковски кој се обидува да ги инволвира сите други, свесно, со намера, подолго подготвувано, со план и стратегија, маркетинг кампања и однапред програмирани чекори започнаа не само напад, туку и валкана кампања против мене, токму со цел да ме направат нивни противник и да ни направат штета. Многу долго време сум бил на таа позиција на која е Мицковски сега, за да не сфатам кои му се намерите и мотивите.

Има повеќе можни причини за тоа, тргнувајки од страв заради крајно нечовечкото однесување кон мене на Мицковски и на овие поединци во раководството на партијата во последните 6-7 години, кои дел ги донесов, а дел растеа покрај мене во политиката, па до влијанија од надвор, докажувања некаде, скриени агенди, тајни планови за важни прашања, нечесни планови и нечесен однос, нервоза и незадоволство од некои анкети, лични амбиции и длабоки комплекси на поединци итн.

Со оглед дека од денес ми е јасно дека планот е да водат кампања против мене, ќе морам подетално да ги анализирам овие работи.

На членовите на партијата, активистите и сите во раководството им порачувам да не наседнуваат на вакви погубни стратегии, да размислуваат со своја глава, да бараат цврсти докази кога ги тераат некого да осудат на невидено, за да не се еден ден во ситиација да се извинуваат и да се правдаат, дека биле прелажани, дека слепо некому верувале, дека сега им е криво, не ги знаеле добро работите или слично.

Ова очигледно е голема игра во која сакаат да ве повлечат сите. Да не речете потоа: па што не ни кажа? Па од каде ние да знаеме сѐ? Тргнете се од ботовите и платените пропагатори. Имате многу начини да ја изразите лојаноста кон партијата без да станете дел од нечесни игри, напиша Груевски на Фејсбук.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...