11.7 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаминавме: Возачи на ЈСП ја напуштија Македонија

Заминавме: Возачи на ЈСП ја напуштија Македонија

spot_imgspot_img

„Заминавме“, пишува кратко во својот пост на Фејсбук еден од возачите на ЈСП „Скопје“ кои вчера со организиран превоз тргнаа за Кршко, Словенија, објави „Плусинфо“.

Како што пишува порталот тие веќе денеска ќе треба да полагаат за „КОД95“, дозвола која им овозможува да возат во земјите од Европската Унија, поточно во Германија каде точно 168 возачи имаат договор за работа со тамошна компанија.
Откако викендов ги завршија обуките со предавачот Далибор Млаѓеновиќ од компанијата „КОДА95“, 37 возачи штом ќе пристигнат веднаш ќе почнат да полагаат за возење автобус. Полагањето ќе трае околу час и половина. Во сабота тие би требало да го полагаат писмениот дел по што ќе се вратат во Македонија. Тие што ќе положат ќе можат да поднесат за работна виза во германската амбасада во Скопје.

Дел од возачите, кои сè уште сакаат да бидат анонимни, ни посочија дека имале големи проблеми со раководството на ЈСП „Скопје“, бидејќи како што велат не им било дозволено да земат слободни денови.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...