10.9 C
Ohrid
недела, февруари 25, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонските иселеници во Турција никогаш не ги заборавија своите македонски корени

Македонските иселеници во Турција никогаш не ги заборавија своите македонски корени

Според Мустафа Кемал Узункаја, здружението на македонските иселеници ЕГЕ во изминативе години има преземено повеќе активности што се насочени кон зачувување на нивните македонски обичаи и култура, како и кон зачувување на македонскиот јазик. Конкретно, споменатото здружение организира бесплатен курс по македонски јазик, кој започна во јануари 2023 година под менторство на г. Ќамуран Арслановски. Речиси сите ученици потекнуваат од Република Македонија и со овој чин здружението им ја исполни желбата да го научат јазикот на земјата во која се родени нивните предци.
Жива приказна за идентитетот, за потеклото, за родната грутка…
Во областа Гроот, односно во подножјето на планинскиот масив Јакупица се наоѓа Горно Врановци, кое во македонската националната меморија останува запаметено како селото во кое беа поставени темелите на современата македонска држава. Имено, на слободната територија во Горно Врановци во есента 1944 година беше сместена тогашната македонска влада. Оттука се водеа завршните операции за конечно ослободување на вардарскиот дел на Македонија и беа донесени повеќе важни закони, подоцна спроведени во слободната македонска држава.
Во Горно Врановци беа сместени членовите на Президиумот на АСНОМ, централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија, Главниот штаб на НОБ и разузнавачите на ОЗНА, а на 29 октомври 1944 година, во Горно Врановци беше отпечатен првиот број на „Нова Македонија“, орган на Народноослободителниот фронт на Македонија. Повеќемина истражувачи и историчари нагласуваат дека сите овие активности, кои се нераскинливи од македонскиот државотворен код, не би биле возможни без врановчани, кои целосно биле посветени на идеалите на македонската народноослободителна борба за слобода и за македонска држава.
Но судбината на Врановчани е трагична. Имено, во 50-тите години на 20 век поради одредени политики на тогашните власти доаѓа до целосно нивно иселување, а најголемиот дел, околу 790 семејства (околу 3.500 до 4.500 луѓе), заминале во Република Турција, поточно во Измир. Денес, бројката на врановчани и нивните потомци во Измир се движи помеѓу 40.000 и 45.000 души, но овие луѓе никогаш не ги заборавија своите македонски корени и продолжуваат да ги негуваат македонскиот јазик и македонските обичаи, а се и промотори на македонската култура низ Европа и Република Турција. Потврда за ова се активностите на здружението на македонските иселеници ЕГЕ, предводено од претседателот Мустафа Кемал Узункаја, кој нагласува дека врановчани никогаш не ги заборавиле Македонија и своите македонски корени.
И покрај тоа што со децении живееме во Турција никогаш не ги заборавивме нашите македонски обичаи. Најубава потврда за тоа се нашите свадби, кои воопшто не се разликуваат од македонските, затоа што ги организираме како што биле во Горно Врановци – вели Узункаја. Според Мустафа Кемал Узункаја, здружението на македонските иселеници ЕГЕ во изминативе години има преземено повеќе активности што се насочени кон зачувување на нивните македонски обичаи и култура, како и зачувување на македонскиот јазик. Конкретно, споменатото здружение организира бесплатен курс по македонски јазик, кој започна во јануари 2023 година под менторство на г. Ќамуран Арслановски. Речиси сите ученици потекнуваат од Република Македонија и со овој чин здружението им ја исполни желбата да го научат јазикот на земјата во која се родени нивните предци.
Меѓу другото, македонските иселеници во Република Турција имаат и своја игроорна група во чии рамки се негуваат македонските ора, но и народните носии, кои се типични за Македонија. Според зборовите на Мустафа Кемал Узункаја, македонските иселеници ја негуваат и традиционалната македонска кујна, како што е приготвувањето на традиционалниот комат, пита со зелје.
Во рамките на одржувањето на традиционалната македонска кујна, македонските иселеници организираат и бесплатни курсеви за приготвување на храната што е типична за Македонија – рече Узункаја. Претседателот на здружението на македонските иселеници ЕГЕ, исто така посочува дека учествувале на голем број културни манифестации во Турција, но и низ Европа, како што било организирањето на македонската вечер во Берлин, во 2017 година.
Македонските иселеници се најголемите промотори на македонската култура низ светот, а потврда за тоа се и нашите многубројни учества и претставувања на македонските особености во голем број европски земји – вели Узункаја.
Денес, македонските иселеници во Република Турција, особено врановчани, се особено успешни во турското општество, а неколкумина од нив имаат и компании и бизниси што се ценат во Турција. Но и покрај тоа, Мустафа Кемал Узункаја вели дека никогаш не ги заборавиле своите корени, а потврда за тоа се честите посети на Македонија и родните места, како што била организираната посетата на Горно Врановци.
Врановчани, особено постарите генерации, сакаат да се вратат во Македонија и настојуваат да се стекнат со одреден имот, односно да купат куќа или плац за градба. Но оваа нивна желба е попречена поради постоењето на визниот режим помеѓу Македонија и Турција. Сметам дека најдоброто решение за оваа пречка е доделување македонско државјанство за врановчани и нивните потомци. Неколку од нас имаат поднесено барање за државјанство, но постапката е бавна. Доколку ни се овозможат македонски државјанства, ќе се олесни остварувањето на желбата на Врановчани да се вратат во родниот крај, но и ќе се олесни начинот за инвестирање во Македонија – додаде Мустафа Кемал Узункаја.
Претседателот на здружението на македонските иселеници ЕГЕ, исто така посочува дека имаат потреба од учител по македонски јазик во Измир, но и книги по македонски јазик. Мустафа Кемал Узункаја смета дека во оваа насока, македонската држава и државните институции можат да одиграат позитивна улога, односно да им ги олеснат изучувањето и зачувувањето на македонскиот јазик во Измир и Турција. /www.novamakedonija.com.mk

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ДУИ во програмата планира 4 часа работно време во петок

Секој петок на работа до 13 часот. Партијата ДУИ со предлог, петоците да се работат со скратено работно време. Целта е велат,...

Трамп: Црнците ме сакаат бидејќи сум дискриминиран како нив

Кандидатот за уште еден претседателски мандат во Белата куќа тврди дека неговата поддршка меѓу Афроамериканците пораснала поради неговите четири кривични случаи и за тоа...

Јована Тренчевска: Би испила кафе со Александар Македонски за да му го покажам Скопје 2014

Тренчевска: Би испила кафе со Александар Македонски за да му го покажам Скопје 2014. Претседателката на форум на жени на Социјалдемоктратскиот сојуз на Македонија, Јована...

Сите нудат кандидати, само Вевчани нуди Господин за претседател, Господин Попоски собира потписи за кандидатура

Вевчанецот Господин Попоски започна да собира потписи за кандидатура и за Супер радио и OhridPress изнесе дел и од неговите ставови и зошто се...