18.9 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаДечкото на Викторија: По ударот, истрчав да ѝ пружам помош, го довикував...

Дечкото на Викторија: По ударот, истрчав да ѝ пружам помош, го довикував нејзиното име, но, не реагираше

spot_imgspot_img

Четврток, 20 јануари. Додека Леонид бил на работа, неговата девојка Викторија, учела за постдипломските студии. Попладнето, заедно го подготвиле омиленото јадење. Потоа решиле да одат на шопинг во Сити Мол. На враќање, на пешачкиот премин, ги удира автомобил.

Леонид Даов и Викторија Николова, која им подлегна на повредите, се разделуваат засекогаш.

Десет дена по овој кобен настан родителите, роднините, пријателите положија цвеќе и запалија свеќи за 24 годишната Викторија на истото место кадешто го загуби животот. Преку мирниот протест побараа да се стави крај на безобзирното и неказниво возење по улиците и да се подигне свеста на учесниците во сообраќајот. Меѓу нив беше и Леонид (24), студент на факултетот за информатички науки и компјутерско инженерество во Скопје, вработен како програмер во програмерска компанија.

Солзите постојано му се тркалаа по лицето додека стоеше покрај родителите на Викторија. Сите беа скршени од болка.

* Пешачкиот премин е за преминување од една страна на улицата на друга, а не премин од овој на другиот свет, е една од пораките на мирниот протест. Која е вашата лична порака?

– Пешачките премини и тротоарите се единственото место каде пешаците треба да се чувствуваат безбедно.

* Како се чувствувате, имате ли болки од повредите со кои се здобивте во несреќата?

– Може да се каже подобро. Првите денови по незгодата, физичките болки беа интензивни. Сега полека стивнуваат.

Љубовната приказна започна пред четири години.

* Успевате ли некако да се носите со тагата?

– Искрено многу ми е тешко. Болката е огромна. Се трудам да мислам на сите убави заеднички моменти со мојата Викторија. Но, тоа не ја намалува тагата.

* Кога започна вашата љубовна приказна?

– Нашата љубовна приказна започна пред четири години. Се запознавме преку заеднички пријатели. По неколку дружби и забави, решивме да бидеме во врска.

* Со што ве освои, кои беа нејзините доблести?

– Викторија зрачеше со позитивна енергија, убавина. Со позитивен став гледаше на работите. Имавме исти сфаќања за многу нешта. Таа беше многу паметна, грижлива, внимателна, дружељубива, снаодлива. Ја красеа многу епитети. Едноставно поседуваше сé што ја красат една добра и комплетна личност.

По ударот веднаш се најдов на земја. Прва помисла ми беше како е Викторија. Додека лежев веднаш го свртив погледот на десно и видов дека таа е многу оддалечена од мене. Собрав сила, станав и истрчав кај неа, за да ѝ пружам помош.

* На кој начин сфативте дека вашата девојка има смртни последици?

– Сфатив кога го извикував нејзиното име, но таа не реагираше. Длабоко во себе се надевав на спротивното.
За повеќе детали,Тука Женски Магазин

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...