8.9 C
Ohrid
вторник, март 19, 2024
ПочетнаМакедонијаКавадарчанец доби прва награда за иновација во Италија за неговиот пронајдок

Кавадарчанец доби прва награда за иновација во Италија за неговиот пронајдок

Во конкуренција од 120 учесници од 31 држава, на најголемиот саем за образование во италијанскиот град Фиренца, кавадарчанецот Димитрија Ангелков е првонаграден за иновативниот екометод, преку паметни канти до развој на етички вештини. Тој е доктор на науки од електротехничка струка, а работи како професор во средното електромашинско училиште. За МИА откри дека се раководи од мислата дека работиме за пари, ама живееме за признание.

– „Дидакта“ е саем на кој се презентираат практични решенија што го унапредуваат образовниот систем. Трудот со кој јас настапив е заштитата на животната средина преку подигање на свеста од најмали години, за стекнување навики за правилна селекција на отпадот. Паметните канти се покажаа како ефикасен метод за мотивација на луѓето од најмали до највозрасни, да учествуваат во селекцијата на отпадот кој го произведуваат самите, но и на отпадот од останатите, појасни професорот.

Тој додаде дека овој метод овозможува отпадот што е расфрлан насекаде да ги мотивира корисниците да го собираат и да го поставуваат во овие паметни канти и да добиваат поени, па преку поените и награди.

– Исто така иновацијата е и во тоа, ако не се користат редовно поените, автоматски се намалуваат и со тоа имате плус мотивација да ги користите постојано и да имате мал склад дома, за кога ќе можете да ги фрлите во кантите и да добиете поени. Системот е одржлив,  нема маани, сигурен и достапен за сите. Со овие машини заедницата добива повеќекратно и ситуацијата е вин-вин за сите, нагласи Ангелков.
Патентот „паметни канти” изработени од кавадаречка фирма, во која управител е проф. д-р Димитрија Ангелков, претходно освои златен медал на саемот за иновации „Иновамак 2019“.

Паметните канти, како што изјави за МИА Ангелков, веќе од оваа година се произведуваат и се дистрибуираат по училишта и градинки.

– Проектот е едукативен, забавен, еколошки и со најниска цена на чинење во светот, само 200 евра по канта. Иновацијата се состои во тоа што го решава проблемот со враќањето на пластичните, стаклените и металните шишиња за рециклирање. Во нашата земја речиси секое петто шише се враќа за рециклирање, додека останатите четири завршуваат во реките, езерата, почвата и морињата, рече тој.

Решението е одржливо, нагласи тој, затоа што со собирање на овој отпад, дел од средствата се враќаат како награда за тој што ја користи паметната канта.

– Ова решение е идеално за нашата земја затоа што инвестицијата се враќа за помалку од пет месеци, по овој период имате постојана добивка од собраниот отпад. На паметната канта има дисплеј на кој се генерира код што го внесувате на веб-страницата www.pametnikanti.mk заедно со вашиот мобилен број и така добивате поен. Кога ќе соберете доволно поени добивате СМС и награда од дел од парите што се добиле од продажбата на шишињата. Системот е одржлив и преку награди ги мотивира луѓето да ги користат овие канти. Исто така имаме и веб-страница што се користи за светска промоција http://www.interactive-bin.mk, каде што може да се види како функционира целиот систем, појасни професорот.

Трите модели на паметни канти примаат само отпад предвиден за тоа.

– Пример, доколку во кантата што прима само стаклени шишиња пробате да фрлите пластично шише, ќе ви даде коментар дека не прима таков отпад и да го фрлите во другата што е предвидена за тоа. Целиот систем функционира самостојно, затоа што соларниот панел генерира доволно енергија да работи целиот механизам и електроника, додаде Ангелков.

– Дизајнот постојано се менува во зависност од позицијата каде се поставува. Доколку е во градинка е со ликови од суперјунаците, доколку е во банка или институции, тогаш е со дизајн соодветен за тоа. Доколку се практикува ова решение насекаде, нашата земја ќе стане почиста, поубава и понапредна. Решенија има, треба да се практикуваат, нашата земја изобилува со иноватори кои прават сè да постанеме развиена земја што овозможува иднина за идните поколенија. Иднината е сега, порача професорот, кој е управител на фирмата „Интерактивна иднина”.

Тој верува дека ова решение ќе го зголеми процентот на вратени шишиња. Во Германија тој процент бил 60 отсто.

Ангелков, кој има и други иновации и награди, сподели со нас и уште неколку интересни информации. Кантите работат независно без дополнителна енергија и се екстремно безбедни, невозможно е некој физички да се повреди од нив. Кантите имаат вграден филтер за воздух и на нив можат да се полнат мобилни телефони. Доколку се спојат две канти со три штици се добива и клупа за седење.

Тој ни кажа дека e автор и единствен производител на паметни училишни табли на Балканот. Редовно учествува на саеми и натпревари и добива награди.

Светлана Дарудова/МИА

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тешка несреќа на патот Струмица Ново Село– Загина бебе !!!!

На 18.03.2024 околу 12.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица – Ново Село, делница помеѓу селата Босилово и Турново,...

Дури 222.000 Македонци живеат во Германија, 68.000 иселени последните две години

Дури 222.000 Македонци живеат во Германија, 68.000 иселени последните две години Луѓето ја преполнуваат автобуската станица во главниот град на Македонија со куфери и...

Костадиновска-Стојчевска: Го исполнивме аманетот на нашите предци – до крајот на 2025 година, нов „Центар за македонски јазик“ во Љубојно

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Елена Јованова-Грујовска, и проф. д-р Елизабета Бандиловска, член на Советот за...

Ковачевски: Не даваме лажни ветувања-Имаме конкретна програма и визија каде ја гледаме Северна Македонија до 2030 година

„На изборите ќе насташиме со искусни членови кои вршеле низа функции и во партијата и во државата. Јас ќе бидам во Изборната едниница 1,...