13.9 C
Ohrid
вторник, мај 20, 2025
ПочетнаСветРазбојникот кој секој ден ѝ се молел на Богородица

Разбојникот кој секој ден ѝ се молел на Богородица

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Еден човек по име Јован бил поразен од гревот и станал крадец. Уште повеќе, тој станал и предводник на една разбојничка дружина од сто крадци, но сепак длабокот ја почитувал Богородица. Секое утро и вечер го читал Канонот кон Пресвета Богородица.

<

Сакајќи да го спаси поради неговата голема почит кон Богородица, милостивиот Бог испратил еден свет монах да биде запленет од дружината на разбојникот. Штом паднал во нивните раце, монахот им рекол: „Ве преколнувам, однесете ме кај вашиот водач, имам да му кажам нешто за ваше добро.“ Тие го послушале и го однеле кај својот водич.

Монахот му рекол: „Викни ги сите твои луѓе да дојдат тука, за да ви кажам нешто.“ Разбојникот ги викнал, и тие дошле. Но, монахот рекол: „Нема ли уште некој?“ – Има, еден готвач – одговорил главниот крадец. – И него викни го.

Штом дошол готвачот, тој го криел неговото лице и не можел да го погледне монахот во очи. Тогаш монахот пристапил до него, и му рекол: „Во името на нашиот Господ Исус Христос ти заповедам да ми кажеш кој си, кој те испратил и што бараш тука!“ Готвачот му одговорил и рекол: „Јас сум лажго кој секогаш зборува лаги. Но, бидејќи ме обврза во името Христово, не можам, а да не зборувам вистина.

Јас сум ѓавол и бев испратен од мојот господар да работам за водачот на оваа дружина, и да чекам ден кога тој нема да го прочита Канонот кон Богородица – во истиот тој ден да го заробам во пеколот.

Веќе четиринаесет години пазам на него, и немаше ден, а да не ѝ се помоли на Богородица.“ Монахот одговорил: „Во името на Света Троица ти заповедам да исчезнеш и веќе да не ги искушуваш христијаните“. И во истиот момент ѓаволот исчезнал како чад.

Тогаш монахот ги поучил крадците. Некои од нив станале монаси, други се ожениле и правеле добри дела, спасувајќи се. Затоа и ве поучувам, вас, чеда, да го научите Молебниот канон кон Пресвета Богородица, и да се молите со него. Свети Козма Етолски

Извор: http://pravoslavie.mk.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Раде Трајковски – Штекли однесен на Клинички поради здравствени проблеми

Раде Трајковски познат како Штекли денеска се пожалил на здравствени проблеми во затворот „Скопје“, поради што бил однесен во Клиничкиот центар „Мајка Тераза“, пишува...

Донесен нов закон: Ќе може да се зема во исто време и пензија и плата.

За првпат во историјата на Македонија се усвои Закон за работно ангажирање на лица, на барање и на работниците и работодавачите, објави денеска Никола...

Матурант од Струмица пронајден починат.

Вчера околу 12 часот на влезот во Струмица, на локација позади складот за дрва на Шумското стопанство „Беласица“, на местото викано Крива Река, бил...

Изгоре семеен автомобил на бизнисмен од Битола, и два други паркирани до него, дознава „АПЛА“

Во пожар што се случи ноќеска дваесет минути по полноќ изгореа три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво...