14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаЗабаваВо Холандија се вдомени сите улични кучиња - Пример што треба да...

Во Холандија се вдомени сите улични кучиња – Пример што треба да го следиме сите…

Изгледа дека во Холандија повеќе нема кучиња скитници.

Власта ги презела сите потребни мерки, со цел да го реши проблемот со напуштени кучиња, почнувајќи со апел до граѓаните да не купуваат кучиња, туку да вдомуваат.

Се претпоставува дека ширум светот има над 200 милиони кучиња скитници. Најголемиот дел се наоѓаат во Бали, Индонезија и поголемите градови во Индија. На овие места, кучињата скитници се прифатени како секојдневие.

Но, овој проблем не е само во Азија. Всушност, само во САД, секоја година, 3,3 милиони кучиња завршуваат во засолништа за животни.

Но во Европа, во Холандија, ситуацијата е целосно под контрола. Властите тврдат дека на улиците повеќе нема кучиња, благодарение на нивното делување – тие ја започнале програмата CNVR, односно Collect, Neuter, Vaccinate and Return (Земи, кастрирај, вакцинирај и врати).

Холандија има и полициска служба за животни, која внимава на животните и ги казнува луѓето кои им наштетуваат.

Граѓаните можат и да се јават во оваа служба доколку видат куче скитник. Службата веднаш ќе го спаси животното и ќе го префрли во засолниште со политика без убивање.

Истовремено, граѓаните се охрабрени да вдомуваат, а не да купуваат миленици. Во некои општини дури има и поголеми даноци за купени кучиња, за луѓето да се мотивираат да вдомат.

Зошто да вдомите куче скитник?

Оваа вест за Холандија може да биде одлична лекција за сите нас.

Ако барате куче, најпрво упатете се во засолниште, бидејќи сигурно има животно кое чека да биде вдомено.

Засолништата за кучиња се секогаш преполни, а со вдомувањето ќе направите место за нови кучиња скитници.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...