6.5 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаПендаровски: Да не бев претседател одамна ќе се иселев од оваа држава-...

Пендаровски: Да не бев претседател одамна ќе се иселев од оваа држава- сигурно немаше да работам за 250 евра плата.

spot_imgspot_img

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски во Нови Сад истакна дека би се иселил од својата држава доколку не би бил претседател, затоа што „никој не е луд да го троши својот живот во која со години треба да се преговара за поглавјата, а просечната плата во мојата држава е 400 евра“, јавува српската телевизија Н1.

Пендаровски истакна дека ситуацијата во регионот нема да се разликува за две години, но државите можат да просперираат само ако ги користат домашните ресурси.

–Малиот шенген е една иницјатива, но тој нема да го промени менталитетот на луѓето. За две години ќе бидеме потполно зависни од Европската унија, рече Пендаровски на четвртиот Регионален форум за млади лидери.
Претседателот Пендаровски рече дека процесот на проширување на ЕУ ќе потрае, затоа „Имаме информации дека во државите членки ќе има многу проблеми“ поради новата методологија која што ја предложи Франција.

-Ако се обидеме на Балканот да направиме мала ЕУ, тогаш имаме шанси да ги задржиме младите луѓе овде и да го трансформираме нашето друштво, но вистински, а не бирократски, рече Пендаровски.
На регионалниот форум за млади лидери во Нови Сад учествуваа и претседателот на Србија Александар Вучиќ и словенечкиот претседател Борут Пахор.

Инаку, Пендаровски престојуваше во дводневна посета на Србија, каде што оствари и повеќе средби со високи српски претставници.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...