2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонија10-годишната Амра не плаче за играчки туку за корка леб, заспива гладна...

10-годишната Амра не плаче за играчки туку за корка леб, заспива гладна и во солзи.

spot_imgspot_img

„Не можам да заспијам, се покривам со ќебе и плачам, бидејќи сум гладна“ изјави Амра Зеќири, ќерка.

10-годишната Амра не плаче за играчки, туку за леб. Заспива гладна и во солзи. Мајката на Амра, Флора, вели дека ѝ е тешко да ја гледа својата ќерка за која секоја ноќ е иста – бессона поради глад.

„Понекогаш ѝ велам, не тагувај, ќе дојде тато и ќе ни донесе. Ќе работи на пазар и ќе ни донесе. Понекогаш сосетката од горе ни дава храна“, изјави Флорина Зеќири, мајка.

Малата Амра се грижи и за домашните работи. Ѝ помага на болната мајка која пред неколку месеци останала делумно парализирана. Една обична семејна прошетка, заврши фатално за Флора.

„Отидовме таму и имаше еден мост. Ќерка ми сакаше да погледне и побара да се качиме на мостот. Кога застанавме на мостот, јас носев папучи, ја држев ќерка ми за рака. Ја турнав да не се лизне и потоа јас паднав од висина 7 метри“, додаде мајката Флорина.

Шенол Зеќири работи на зелен пазар, но често заработката што ја носи дома изнесува само 100 денари. Вели дека не може да опише со зборови во каква тешка состојба се наоѓа.

„Колку е тешко не можеш ниту да замислиш. Прво за храната, потоа за болестите на ќерка ми и сопругата. Девојчето има проблеми со бубрезите. Веќе две години одиме по болници и парите што ги имав ги потрошив. За себе не сакам ништо, туку за ќерка ми и сопругата“, изјави Шенол Зеќири, татко.

Тричленото семејство не добива социјална помош, а живее под кирија во Тетово. Месечно за киријата плаќаат 120 евра, а последните три месеци не успеале да ги покријат овие трошоци, поради што сопственикот им порача доколку не го платат долгот, ќе мора да се иселат. Надежта на семејството се хуманите луѓе, кои можат да донираат храна и да им помогнат да изградат свој дом.

Контакт на семејството: 079 261 463

Жиро сметка за донации: 300117025633158 – Комерцијална банка – Фљорина Зеќири

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...