6.8 C
Ohrid
среда, декември 11, 2024
ПочетнаСветFacebook брзо го губи уделот на пазарот меѓу младите корисници, пренесува TechCrunch.

Facebook брзо го губи уделот на пазарот меѓу младите корисници, пренесува TechCrunch.

spot_img

Facebook брзо го губи уделот на пазарот меѓу младите корисници, пренесува TechCrunch.

Студијата на Infinite Dial на Edison Research од почетокот на 2019 година откри дека 62% од американските граѓани на возраст меѓу 12 и 34 години се корисници на Facebook, што е намалување од 67% во 2018 година и 79% во 2017 година.

Намалувањето е значајно, со оглед дека потрошувачката на луѓето во возрасните групи 35-54 и над 55 години е константна или зголемена.

Постојат многу теории зошто Facebook ја губи својата слава меѓу „миленијалите“ и генерацијата З – напливот на постарите корисници, кој ја менува динамиката на платформата, се натпреваруваат со повеќе мобилни и визуелно пријатни платформи како Instagram и Snapchat, и скандали за приватноста од страна на компанијата, се само дел од претпоставките.

За да дознае повеќе, TechCrunch интервјуирал 115 од амбасадорите во неговиот кампус Accelerated за тоа како тие денес го користат Facebook. Во оваа група спаѓаат малку постари претставници на генерацијата З (стари 18-24 години), и затоа се мисли дека доколку се интервјуираат помлади корисници, резултатите ќе бидат различни.

Севкупното навлегување на Facebook сè уште е големо – 99% од испитаниците имаат сметки на Facebook. Повеќето не ја напуштаат целосно платформата – 59% од анкетираните се на Facebook секој ден, а други 32% секоја недела. Дневното користење на Facebook е многу помалку од она на Instagram. 82% од испитаниците велат дека ја користат апликацијата за споделување на фотографии и видео секој ден, а 7% го велат тоа на неделна основа.

Покрај тоа, податоците потврдуваат дека има драматични промени во користењето кај младите потрошувачи во последните неколку години. 66% велат дека го користат Facebook поретко во последните две години, наспроти 11% кои почесто го користат. 23 проценти велат дека нивното користење не е променето.

Она што е поинтересно е за што го користат Facebook студентите. Кога тие биле во средно училиште или колеџ во раната / средината на деценијата, тие ја користеле социјалната мрежа за објавување содржини преку статуси, фотографии и објавувања на виртуелните sидови на пријателите.

Денес, многу малку ја користат платформата за овие цели. Само 5% од испитаниците велат дека редовно поставуваат фотографии на студентите, 4% објавуваат на sидовите на пријателите и 3,5% пишуваат статуси во „фидот“.
Што прават тие наместо тоа?

* Координираат настани – 65% го користат за организирање или присуство на настани.

* Потрошувачка на содржина – 60% го разгледуваат потокот со вести.

* Бараат информации – 51% бараат информации за пријателите (родендени, на пример), а 42% бараат нови луѓе за да се сретнат.

* Ангажирање во помали групи – 55% испраќаат лични пораки до пријатели (честопати преку Messenger), а 43% се ангажираат со Групи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кирил Пецаков : Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат

Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид: Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат Охрид, со својата историја, култура, природни убавини и...

Васко Ковачевски сепак не е уапсен, заминал од државата уште во септември

Иако првичните информации во јавноста и медумите беа дека е уапсен поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски во големата полициска акција што почна утрово...

Ковачевски е во бегство, но ќе го најдеме !!!

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата потврди дека екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски е надвор од државата. Тој додаде дека единствено...

Во голема акција на МВР уапсен Васко Ковачевски и уште 28 лица

Васко Ковачевски поранешениот директор на ЕСМ е еден од 29 физички лица кои се уапсени во денешната акција на МВР, поврзана со работењето на...