17.9 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаМоноспектакл на Марјан Ѓорѓиевски : Младите си заминуваат од оваа дупка бидеќи...

Моноспектакл на Марјан Ѓорѓиевски : Младите си заминуваат од оваа дупка бидеќи не се дише, бидеќи патот до лебот е преку партиите, а не преку факултетите…

”Ја мразам оваа дупка зошто повеќе не се дише, ја мразам оваа дупка бидеќи патот до лебот е преку партиите, а не преку факултетите, ја мразам оваа дупка бидеќи не си на списокот, ја мразам оваа дупка затоа што со дипломата си ги тепаш комарците, ја мразам оваа дупка зато што секое мислење некаде припаѓа”.

На 27 декември во 19:00 часот во Киноверзиум.мк- 3D кино во Свети Николе Марјан Ѓорѓиевски ќе го изведе својот Моноспектакл „Со глава во ѕид“.

Ова е неговата порака до вас:

„Сѐ она што нѐ „труе“, сѐ она што нѐ гуши, сѐ она што нѐ прави депресивни, исфрлете го од вашата глава, размрдајте ги вашите мозочни келии и направете нешто добро, нешто ќе ве направи поразлични од другите.

Моноспектакл не е само монодрама, моноспектакл не е само стендап комедија. Тоа е вистински спектакл со еден човек. Апсурдно звучи, па цела реалност во која живееме е апсурдна што ве чуди?!.

Влезниците се во ограничен број, набавете ги веднаш, да не ми речете – НЕМА КАРТИ, ШО ПРАЈМЕ, КАКО ДА ВЛЕЗИМЕ?

И уживајте – помалку дијазепами, помалку нервози, помалку стрес, со чисто срце продолжете си во 2020.

Ве сака Ваш Марјан.“

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ од ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ со тројна предност на почетокот

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ ги објави првичните резултати од досега преброените гласови за парламентарните избори. ВМРО-ДПМНЕ според овие бројки има тројна предност пред СДСМ.

Македонските ракометари вечерва против Фарски Острови

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва на гостински терен во Торшавн го игра првиот натпревар против Фарски Острови од баражот за пласман на Светското првенство...

Жена од Скопско тешко повредена: Ја прегазил трактор

Вчера во 18.55 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Р`жаничино, скопско, трактор „ИМТ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(50) од с.Р`жаничино,...

Македонија денес ќе добие претседател – бојкотот не успеа!

До 17 часот на претседателските избори гласале 452.412 гласачи. Овој податок го пласираше ДИК од податоците пристигнати од 2040 избирачки места. ДИК информира дека...