15.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаОНОЈ КОЈ ШТО НАХРАНУВА СИРОМАВ, ХРИСТА ГО НАХРАНУВА!

ОНОЈ КОЈ ШТО НАХРАНУВА СИРОМАВ, ХРИСТА ГО НАХРАНУВА!

spot_imgspot_img

Во темата ќе објасниме што значи да нахраниш и да помагаш на сиромаси:

Најпрво, ние треба да се молиме за сиромасите, но ако само се молиме, а не им помагаме – не правиме ништо. Храна на сите ни треба, особено на оние кои живеат на улица. Всушност тоа е она што најмногу им треба. Не можеме на таквите да им го проповедаме Евангелието на збор, туку само на дело а тоа е преку храната, зашто храната во овој случај е средство на благодатта со која ќе им се приближиме и помогнеме на овие луѓе. За сиромасите, храната е вратата преку која оној кој помага може да влезе во нивниот живот.

Затоа што таквите луѓе се чувствуваат како невидливи за општеството, а ние сме тие кои треба од „невидливи” да ги направиме „видливи”. Маката на сиромасите треба да одекнува во нашите срца: „Кога ним им даваш храна, потруди се да бидеш како еден од нив,”. Еден старец кој многу помагаше на сиромасите, раскажа еден настан што го доживеал со една жена која живеела на улица. Кога тој ѝ пристапил, таа ладно му одговарала, но по некое време таа го прашала дали ќе се моли за неа. Отецот ѝ одговорил: „Секако дека ќе се молам за вака убаво човечко создание Божјо”. Таа го прашала: „Навистина сум убава?” – на што тој ѝ потврдил дека е убава.

Потоа, таа му раскажала како била силувана од својот татко како мала и не можејќи да го издржи сиот притисок дома, избегала и веќе неколку година улиците се нејзин дом. На крајот таа му рекла: “Те молам кажувај на секаде дека денес запозна жена која не ѝ беше дадена вистинска љубов од своите родители”. Ова се само неколку настани кои се случуваат во секојдневниот живот кај луѓето. Уверен сум дека во искуството на луѓето кои помагаат на бедните, ваквите средби се бројни.

Денес ретки се таквите кои го прават овој подвиг. Но, слава на Бога што сè уште ги има. Ние од страна ги гледаме бедните, но кога ќе почнеме да разговараме со нив, заклучуваме дека многумина од нив имаат чисти срца, но животните проблеми ги оставиле на улица.

Би било полезно во текот на Божиќниот пост, да се потсетиме на Господовите зборови кога вели: „Ако на еден од овие најмали сте ги нахраниле, Мене сте Ме нахраниле, ако нив сте ги облекле, Мене сте Ме облекле….“! Затоа браќа, наша христијанска должност е да помагаме на бедните со милосрдни дела, кое за тоа ќе очекуваме награда од небесата. Амин

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец

Насловна / Македонија Објавено на: April 26, 2024 Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец! Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби казино во тетовското село Лешок бил...

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...