2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонија163 доктори од Македонија побарале потврда за работа во странство

163 доктори од Македонија побарале потврда за работа во странство

spot_imgspot_img

Од Лекарската комора информираат дека до декември годинава бројот на поднесени барања од доктори на медицина за издавање на потврди за странство изнесува 163, а во изминативе 5 години бројот на вакви поднесени барања изнесува 794. Од комората информираат дека во последните пет години стручен испит положиле 1.820 доктори на медицина.

Од комората наведуваат дека не располагаат со прецизен податок за бројот на доктори кои заминале да живеат и работат во странство, а согласно со своите надлежности им издаваат потврда (good standing) на докторите дека се членови на Комората и оти против нив не се води постапка пред Судот на честа при комората.

Овие потврди, како што се потенцира, им се неопходни на докторите за едукација во странство, стручен или студиски престој во странство, обука и доусовршување, меѓународни проекти како и на оние кои заминуваат да живеат и работат надвор од државава.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...