2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаКако тоа 40 годишни мажи направиле скриена група за смешни видеа? Администраторот...

Како тоа 40 годишни мажи направиле скриена група за смешни видеа? Администраторот на групата ”Јавна Соба” сам се пријавил во МВР

spot_imgspot_img

Еден од основачите на „Јавна Соба“, самиот се пријавил во полициска станица каде што му бил одземен телефонот и даден на вештачење. Според информациите на „Телма“ станува збор за основачот под псведоним „Медо“ кој завчера излезе од групата и ја избриша апликацијата „Телеграм“ од својот телефон. Зад псевдонимот „Медо“ стои повозрасен скопјанец, сопруг и татко на малолетно дете.

Од МВР го потврдија неговиот идентитет и додадоа дека веќе е идентификуван и еден од администраторите во групата.

Кој всушност е „Медо“ уште утрово осамна меѓу десетиците слики и клипови со порнографска содржина кои активно се шеруваат во групата „Јавна Соба“. Членовите во групата му посакаа цимерите во ќелија да немаат ќерки.

Неофицијално скопјанецот и уште две лица, македонци кои живеат во САД и Европската Унија стојат за оваа група. Двајцата ја напуштиле речиси на самиот почеток додека „Медо“ остана до завчера.

„Јавна Соба“ сеуште функционира, но без никакиов надзор и контрола бидејќи администраторите и основачите ја напуштија. Во моментов има 3.800 членови. Од МВР соопштија дека немаат добиено повратна информација од „Телеграм“ дали и кога групата ќе биде затворена и додаваат дека веќе се идентификуваат останатите модератори и администратор.

Министерот Чулев нагласи дека инструкции се дадени до повеќе оддели и сектори во полицијата е дека во моментов се утврдуваат идентитетите на лицата кои постирале слики и видеа со порнографска содржина внатре во групата.

А Кривичниот законик е дециден:

Производство и дистрибуција на детска порнографија Член 193 – а

(1) Тој што произведува детска порнографија со цел за нејзина дистрибуција или ја пренесува или ја нуди или на друг начин ја прави достапна детската порнографија, ќе се казни со затвор од најмалку пет години.

(2) Тој што набавува детска порнографија за себе или за друг или поседува детска порнографија, ќе се казни со затвор од пет до осум години.

(3) Ако делото од ставовите (1) и (2) на овој член е сторено преку компјутерски систем или друго средство за масовна комуникација, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку осум години.

Она што зачудува се информациите кои пристигаат од МВР а станува збор за исклучително сериозен и чувствителен случај кој го тангира целото општество. Имено министерот Чулев, претпладне излезе на прес конференција на која соопшти дека засега се работи ан идентификација на основачите на групата, додека заменичката Славјанка Петровска два часа подоцна се огласи и тоа преку статус на социјалната мрежа „ Фејсбук“ каде стои дека синоќа на разговор биле повикани две лица кои се осомничени дека стојат зад „Јавна Соба“.

телма

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...