12.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаЗа неполни 24 часа, МВР го уапси лицето кое пукаше во полицаец....

За неполни 24 часа, МВР го уапси лицето кое пукаше во полицаец. (ВИДЕО)

spot_imgspot_img

Неполни 24 часа траеше потрагата по напаѓачот на полицаецот од Велес. Полицијата утрово околу 10 часот го уапси 31 годишниот Ѓохан Кантуров, кој вчера, на гробиштата на црквата Свети Спас во Велес, со три куршуми го рани 46 годишниот полицаец.

Телевизија 24 дознава дека Кантуров се криел во својата куќа на месноста Рамина и сам се предал, откако полицијата по телефон преговарала преку неговиот брат, кој исто така учествувал во нападот и е уапсен уште вчера. Сепак, од МВР официјални детали од апсењето не соопштуваат.

Со детален опис на настанот денеска излезе и јавното обвинителство. Оттаму велат дека двајцата полицајци во цивилна облека вршеле работни задачи за да ги откријат сторителите на се почестите кражби на чанти и паричници од луѓе кои ги посетувале гробиштата. Во еден момент тројцата браќа Кантурови и едно дете физички ги нападнале полицајците. Сега повредениот го турнале на земја, а неговата колешка ја онеспособиле со неколку удари. Додека детето ја задржувало полицајката да не стане од земја, еден од осомничените му го одзел пиштолот на полицаецот и додека тој бил на земја испукал три куршуми во него. Пиштолот се закочил, па полицаецот успеал да стане и да побегне, а напаѓачот почнал да го брка испукувајќи уште еден куршум, по што побегнал.

Ѓохан Кантуров од поодамна и е познат на полицијата како сторител на кривични дела, а бил осудуван и на затворски казни. За Независниот полициски синдикат, нападот врз полицаецот е напад врз државата. Оттаму бараат обвинителството и надлежниот суд да ја променат досегашната пракса на неказнување и пуштање на слобода на извршителите на кривични дела над полициски службеници и тие да се соочат со најстроги казни.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...