2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонија4 години ни трага ни глас од Марина Арсова, која остави маж...

4 години ни трага ни глас од Марина Арсова, која остави маж и дете..

spot_imgspot_img

Ниту трага, ниту глас и по 4 години од исчезнувањето на сега веќе 37 годишната Марина Арсова. Марина, по потекло кочанчанка, а мажена во Штип, за последен пат е видена на 29 декември 2015-та година, кога излегла од домот во штипската населба 8-ми Ноември, оставајќи ги сопругот и тогаш 9 годишната ќерка и повеќе не се вратила. Истиот ден се јавила на мајка си во Кочани.

– Последните 3 дена на работа многу плачела. Тоа го знаеме од нејзини колешки. Мене ми се јави и ми рече дека ќе дојде на гости за Нова Година, но тоа не се случи-изјави Ленче Цветкова, мајка на исчезнатата Марина Арсова

Една недела подоцна нејзиниот сопруг пријавил во полиција дека Марина ја нема. Нејзината мајка вели дека повеќе од 700 денови живее во агонија, но верува дека мајчинскиот инстинкт не ја лаже.

– Телефонот ќе заѕвони, јас трчам да се јавам, мислам дека е таа. Повеќе немам сила да издржам. А таа е жива. Го чувствувам тоа овде, иако срцето ми е празно, чувствувам дека е жива – изјави Ленче Цветкова, мајка на исчезнатата Марина Арсова

Цветкова повторно го побара вниманието на јавноста, зашто смета дека можеби во меѓувреме некој ја видел или пак слушнал некоја информација која ќе може да им помогне на истрагата.

– Ако можат да помогнат, било каква информација да добиеме- додаде Цветкова

Со внуката се гледаат секоја втора недела. Така определил Центарот за социјални работи, откако таткото побарал од дедото и бабата да поднесат барање за можат да ја гледат и да бидат со неа. Од полицијата информираат дека потрагата сеуште трае.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...