14.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаАвстралија ги советува туристите кои сакаат да ја посетат Македонија: Внимавајте на...

Австралија ги советува туристите кои сакаат да ја посетат Македонија: Внимавајте на криминалот, внимавајте на загадениот воздух, исто така може да бидете нападнати од политички активнисти…

spot_imgspot_img

За австралиските туристи кои планираат да ја посетат Македонија, на официјалниот сајт на австралиската влада пишува дека е неопходен висок степен на претпазливост. Може да се појават политички мотивирани граѓански немири кои можат да станат насилни, избегнувајте протести и демонстрации, се дел од советите.

Австралиските власти сметаат дека во Македонија има многу ситен криминал, главно по големите градови и по аеродромите. Бидете претпазливи со вашите торби, грижете се за вашите работи, пишува на сајтот на австралиските власти.

За Скопје пишува дека се можни насилни протести, дека се можни меѓуетнички судири меѓу Македонците и Албанците, кои можат да се случат насекаде и дека треба да се избегнуваат.

Загадувањето на воздухот е едно од посериозните прашања во делови од земјата, вклучувајќи го и Скопје. Ако имате проблеми со дишењето, посоветувајте се со вашит доктор пред да патувате, е еден од советите на австралиските власти за нивните туристи.

„Водата треба да се преврие или пијте вода од шишиња… Здтавството е лошо. Лекарите и болниците обично бараат депозит пред почетокот на третманот. Ако станете сериозно болни или повредени, ќе треба да бидете евакуирани. Проверете дали вашето патничко осигурување го покрива ова… Истополовите односи се легални, но не секогаш прифатени. Избегнувајте јавно прикажувања на љубов“, пишува во прирачникот на Австралија за нивните туристи кои планираат да ја посетат Македонија.

извор: мкд

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец

Насловна / Македонија Објавено на: April 26, 2024 Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец! Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби казино во тетовското село Лешок бил...

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...