10.6 C
Ohrid
недела, март 23, 2025
ПочетнаСветМорничаво: Пациентка свири на виолина додека и прават операција на мозокот (Видео)

Морничаво: Пациентка свири на виолина додека и прават операција на мозокот (Видео)

spot_img

Пациентката свирела за да ја направи операцијата што е можно поуспешна и да ја зачува способноста да свири на инструментот.

<

Дагмар Тарнер (53) свири на виолината за време на операцијата за отстранување на туморот лоциран во десниот фронтален лобус на мозокот, во близина на област која ги контролира фините движења на левата рака, пренесува „Ројтерс“.

Тарнер свирела виолина за лекарите да бидат сигурно дека во текот на операцијата нема да оштетат делови од мозокот клучни за движење и коориднацијата. Таа метода е користена и во повеќе вакви случаи, а најмногу предизвикува внимание на јавноста кога станува збор за музичари.

Неврохирургот Кијумарс Аскан, од британската болница Кинг колеџ, се договорил со Тарнер таа да свири на виолината, додека хирурзите вршат операција за да отстранат дел одговорен за прецизни движења.

– Ова беше првпат да правам операција на пациент додека тој свири на инструмент. Можевме да отстраниме над 90 отсто од туморот додека ја одржавме целосната функција на нејзината лева рака – рекол доктор Аскан.

Тарнер по операцијата изјави дека свирењето на виолина е нејзина главна страст и свири од 10-годишна возраст.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општина Охрид ќе додели финансиска помош за семејствата на жртвите во Кочани

Општина Охрид на седница на Совет која ќе се одржи следната недела ќе одлучува за доделување финансиска помош за семејствата на починатите и за...

Трошоците за лекувањето на повредените во дискотеката ПУЛС, се покриени од државата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа прес-конференција, на која ги информираше медиумите за активностите и мерките што Министерството ги...

Отец Димитар во поткастот на Лазаров откри како ги смири немирите во Кочани.

Отецот Димитар во разговор во поткастот на Лазаров откри што се случувало тој ден во Кочани, а исто така посочи дека се надева дека...

Почина внуката на Јосип Броз Тито: Остана запаметена по нејзините ставови за Македонија

Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито Во Белград, на 70-годишна возраст, почина Светлана Броз, внука на поранешниот југословенски лидер Јосип Броз Тито. Светлана...