14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаЗабаваВо усните како со пепељара мавнати, на фацата две лопати пудра, и...

Во усните како со пепељара мавнати, на фацата две лопати пудра, и го чекаат принцот на белиот коњ !!

Социјалните мрежи, особено Инстаграм најчесто е мелем за очите, извор на инспирација и мотивација. Ќе видите прекрасни пејзажи од земји каде што сонувате да отпатувате.

Ќе заследите некој што ќе ве натера да станете физички поактивни, друг што ќе ве инспирира да почнете да учите нов јазик или пак да започнете да изработувате нешто со своите две раце.

Ќе видите десетици фотки и видеа од смешни животни и уште поинтересни бебиња кои можеби ќе ви го поправат и најлошиот ден.

Ама ќе видите и уште толку помножени по толку фотки кои ја прикажуваат денешната изобличена женска убавина, која се смета дека е синоним за привлечност.
Што со помошта на Фотошопот и филтрите за убавина, а што со сопственото претерување, денешниот синоним за убавина е следниот строго утврден шаблонизиран изглед: напумпаните „патка“ усни, испегланото „ботоксирано“ затегнато лице, пренагласената т.н. „Инстаграм“ шминка со веѓи – извиени пијавици, контурирање кое изгледа како да сте размачкале кал на лицето.

Сомнителни додатоци на косата, лошо прикачено, лошо нијансирани, изгорени и безживотни, додека твојата природна коса се задушува под туѓите прамени.

Премногу од сè на лицето, премалку облека на телото, а најмалку памет во главата.
Живееме во свет каде што може да бидеме сè она што ќе посакаме, но упорно се прашувам каков треба да ти биде менталниот склоп да сакаш да изгледаш така евтино и кичесто?
И во ред е, твојата идеја за убавина очигледно е таа и треба да го почитуваме твојот избор, но не чуди се зошто луѓето те избегнуваат, зошто никој не те сфаќа сериозно и уште пострашно – зошто ти се смеат, понекогаш скришум, а друг пат и директно во лице?
За почеток, треба навистина да веруваш во изгледот кој го носиш, да си сигурна во него и самоуверена. Не очајно да сакаш да се вклопиш во шаблонот кој го диктираат квази-старлетите во обид да изгледаш привлечно или секси.

Настрана физичкиот изглед, кога конечно ќе стане јасно дека тој првично привлекува, но долгорочно не задржува никого?
Сакаш да те сфатат сериозно? Земи прочитај некоја книга. Научи си го сопствениот јазик и основните граматички правила.

Заинтересирај се за некоја друга тема освен накинџурените шпицести нокти со циркони.
Освоj ги луѓето со воспитувањето и знаењето, со умешноста да сослушаш некого и пристојно да дискутираш. Привлечи им го вниманието со интелигенцијата и харизмата и добрината, наместо со деколтето.

Не дека има нешто лошо во деколтето, апсолутно нема. Ама поткрепи го со ум.
Зошто мажите не ме сфаќаат сериозно, зошто жените не ме сакаат во нивното друштво? Мора да се љубоморни, нема друго. Кој ви ја всадил таа идеја, најсериозно ве прашувам? За што поточно ви љубоморат, за изгледот–карикатура, за празната глава или пак можеби за вашето непознавање на најелементарни работи во животот?

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...