13.8 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаАмир од Дебар: Коронавирусот нема вера, ни нација, но ја има силата...

Амир од Дебар: Коронавирусот нема вера, ни нација, но ја има силата да сплотува

Застани… Застани зашто и светот застана и размисли што е она што најмногу вреди и она за кое најмногу вреди да се живее, врати се кон базичните и исконските човекови потреби, научи повторно да сакаш и да бидеш сакан, да љубиш и да те љубат…, порачува психологот м-р Адмир Б. Косоврасти за веб порталот Деца.мк.  Тој сега е во Дебар, град во кој е прогласена кризна состојба.

Ти се обраќам тебе, токму ти си тој што имаше многу обврски, што не можеше да постигнеш сè, што ти беа малку 24 часа, што светот и животот ти беа многу динамични и брзи, што немаше време да се видиш самиот себе, да ѕирнеш во својата внатрешност, да бидеш во контакт со себе, со твоите најблиски, што секојдневието те сомлело во трката за достигнување и престиж, давајќи му го твоето време на светот…

Е па ете светот сега забави, застана и не се движи, паднаа и големите светски сили, врати се, застани, преиспитај се кој си, што си и што сакаш, види што сега ти е најбитно и што во моментов ти е приоритет, земи ги оние 3-4 книги што си ги купил одамна, а си се правдал дека немаш време да ги прочиташ, прочитај ги сите оние текстови што си ги меморирал во нотесот, а си немал време да ги читаш зошто си бил презафатен, изиграј и биди присутен со децата и твоите најблиски бидејќи те јадеше грижата на совест зошто не си им давал доволно време, јави им се на твоите баба и дедо, вујко и чичко на твојата тетка, слушни ги…

Застани! Застани зашто и светот застана, и размисли што е она што најмногу вреди и она за кое најмногу вреди да се живее, врати се кон базичните и исконските човекови потреби, научи повторно да сакаш и да бидеш сакан, да љубиш и да те љубат…

Застани за да можат другите да те стигнат и да те видат! Коронавирусот нема вера, ниту пак нација, но ги има силата и моќта да сплотува и да обединува, сила која ние му ја дадовме.

Требаше да дојде и да нè потсети што сè имаме, а не гледавме и не се радувавме, и не се почитувавме доволно како човечки битија, ни покажа што е битно, ни покажа како да се соединиме и сакаме повеќе, ни покажа, ах, само колку бевме залутале?

Карантинот не е казна, туку е начин повторно да почнеме да живееме, но овој пат поумно и помудро. Со целата свесност за убавините што ги поседуваме и на кои сега им се радуваме, а бевме ги заборавиле.

Бидете разумни, сето ова ќе помине, правете работи со своите најблиски и надоместете за целото пропуштено време. И запомнете дека животот, вербата и љубовта се најбитни, сè друго е споредно и небитно.

Извор: Деца.мк.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...