2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонија''Шилегов до душманите'': Новата болница не е падната, и напротив денес доби...

”Шилегов до душманите”: Новата болница не е падната, и напротив денес доби струја и греење.

spot_imgspot_img

Мобилната болница кај Инфективната клиника во Скопје не само што не е пропадната поради снегот, туку е во совршено добра состојба, објави скопскиот градоначалник Петре Шилегов, демантирајќи ги обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека болницата „пропаднала“ под товарот на снегот. Како што вели Шилегов, фотографијата што ја објави портпаролот на опозицијата Димче Арсовски, била направена во 7 часот изутринава.

„Навистина не знам, дали и колку има човечност и зошто определени ‘ликови’ во дел од политичките структури, упорно се обидуваат да профитираат со политикантсво во услови на вонредна состојба.

Драги ‘душегрижници’, болницата која што заеднички ја подигнаа Министерството за Одбрана, Министерството за Здравство и Град Скопје, како што гледате е во совршено добра состојба. Денес се зацврстија и последните два шатори (така помпезно опишани дека пропаднале), се прави приклучокот на електрична енергија и ќе биде пуштено и греењето.

Искрено се надевам дека нема да има потреба да се користисти овој капацитет.

Што се однесува до Вашата ‘човечност’ и политикантство, сакам да верувам дека правевте првоаприлска шега со слики и констатации од 7 часот утрово.

Ако не Ви било шега, тогаш тоа повеќе зборува за Вас, какви ‘луѓе’ сте Вие всушност.

Јас лично, на секого од Вас, без оглед кои сте и какви сте (како луѓе), Ви посакувам добро здравје“, нaпиша Шилегов, споделувајќи фотографии на кои се гледа дека шаторите се исчистени од снегот и се во добра состојба.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...