2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаКолкави се шансите да оздравете од Корона во Македонија: До сега има...

Колкави се шансите да оздравете од Корона во Македонија: До сега има 30 починати 37 излекувани, и 617 други кои се лекуваат. !!

spot_imgspot_img

Три лица починаа, седуммина се излекуваа, а 18 се новозаболени од коронавирус, се последните податоци за изминатите 24 часа од Министерството за здравство и од Институтот за јавно здравје. Вкупно се регистрирани 617 позитивни пациенти, 37 се излекувани, 30 се починати, а активни случаи се 553. Регистрирани се 72 случаи на заболување меѓу здравствени работници. Статистички гледано до сега според излекувано и умрено процентот е лош. Но што велат од Светската здравствена организација за процентот на излечени и мртви:

Генералниот директор на Светската здравствена организација, д-р Тедрос Адан Гебрејес, вели дека сегашната стапка на смртност е 3,4%, но овој број се пресметува со делење на бројот на смртни случаи по бројот на официјално потврдени случаи. Знаеме дека има многу поблаги случаи кај луѓе кои воопшто не доаѓаат во болница и не се тестираат и не се вклучени во овие статистики, што значително би ја намалило смртноста.

Стапката на смртност е највисока кај постарите лица, додека е многу пониска кај помладите лица, иако медицинските професионалци кои лекуваат пациенти и се изложени на многу вируси се смета дека се особено изложени на ризик, без оглед на возраста.

Треба да се напомене дека стапката на смртност не кажува колку човек веројатно ќе умре од коронавирус. Дури и меѓу оние над 80, 90% ќе закрепнат.

Денеска на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје починааа две лица од Куманово, 73-годишен пациент и 27-годишна родилка, која на 30 март роди недоносено машко бебе. Бебето е негативно на коронавирус и е на интензивна нега во добра состојба, под постојан надзор на Клиниката за гинекологија и акушерство. Во својот стан во Кавадарци е пронајдено починато лице, странски државјанин на возраст од 44 години, кај кого постмортем е земен брис кој вчера потврдил присуство на вирусот.

„Кај починатото лице од Куманово се присутни симптоми на заболувањето, коморбидитети и бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести. Странскиот државјанин е со престој во државата во период од 4 месеци“, стои во статистиката на Институтот за јавно здравје.

Од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје денеска се испишани 5 оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба заминуваат дома, објави првично Министерството, за доцна попладнево да ја дополни веста дека се регистрирани уште две лица од Штип оздравени од КОВИД-19, кои со лесна слика на болеста беа на домашно лекување, а под постојан надзор на лекарскиот тим од болницата во Штип.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...