9.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаУредникот во Канал 5 Гоце Михајлоски тестираше позитивен на коронавирусот

Уредникот во Канал 5 Гоце Михајлоски тестираше позитивен на коронавирусот

spot_imgspot_img

Канал 5 ТВ, како одговорна компанија, ја известува јавноста во врска со нашиот колега, гл. и одг. уредник на нашата компанија, Гоце Михајлоски.

Свесни сме за тежината на актуелната ситуација, поврзана со светската пандемија на Корона вирусот, која зема замав и за жал , исклучок не беше и еден наш колега, Гоце Михајлоски.

Како професионална и одговорна компанија , која сигурно ќе го надмине и овој сериозен предизвик, потенцираме дека и ние самите сме изненадени од ваквиот развој на настаните, поради фактот што првиот тест кој го изврши колегата Михајлоски беше негативен.

Сакаме да ја информираме јавноста за следново:

Викендот на 28 и 29 Март оваа година, колегата Михајлоски бил во посета на своте родители во Прилеп, од каде во понеделникот, на 30ти март, продолжува со работа во дневно-информативната редакција, без никакви елементарни сомнежи ниту симптоми.

Потенцираме дека подолг период веќе имаме воспоставено високи стандарди на заштита и контрола на нашите вработени, во смисол: задолжително мерење на телесна температура при влез во компанијата, обезбедивме дезинфекциони пунктови на 5 локации, на секој кат, дополнително и во информативната редакција, задолжително работниот процес се извршува со помош на заштитни маски, а за делот на техниката и новинарите се обезбедени и пластични визири , за дополнитена заштита

Во четвртокот и петокот, во емисијата САМО ИНТЕРВЈУ, гости му беа Зоран Заев и Христијан Мицкоски, последователно, при што беа запазени сите протоколи.

Првите симптоми кај колегата Михајлоски се појавиле во ден недела, 5 Април, кои биле во форма на малаксаност, замор и главоболка, по што веднаш околу 17.00 часот го напуштил работното место.

Од понеделник, 6 Април, на барање на компанијата, колегата е во самоизолација а во меѓувреме тој забележува температура повисока од 38 степени, и бара од својот матичен лекар да добие упат за тестирање , но поради електронската анкета, нема доволни симптоми за да биде упатен на тестирање.

На 7 Април, во утринските часови, поради зголемената температура прави тест преку крв во една приватна болница, кој покажува дека е НЕГАТИВЕН на корона вирусот.

Во четврток, 09.04.2020 колегата Михајловски заминува во Воена болница , каде е примен, а утринава не информираше дека сепак е позитивен на Ковид-19.

Во насока на следење на препораките за заштита при работа од корона вирусот, последниве неколку недели Канал 5 донесе одлука да сите вработени кои можат да го изведуваат работниот процес од дома, тоа и да го прават.

Нашата компанија во соработка со Министерството за Здравство ќе ги превземе сите чекори за брзо надминување на оваа несреќна здравствена состојба и благовремено ќе ја известува јавноста за сите новонастани моменти.

На нашиот колега Гоце Михајлоски му посакуваме да се опорави што е можно побрзо

Ниту тој сакал да биде заразен со Ковид-19, а уште помалку тој да биде трансмитерот и евентуално да зарази трети лица.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...