13.4 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаРазрешен директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери

Разрешен директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери

Министерството за здравство информира дека е разрешен Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, д-р. Арбен Зибери.

„Зибери е разрешен заради пласирање на неточни изјави во јавноста со што директно наштети на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот.“, се вели во соопштението на министерството за здравство.

Министерството информира дека д-р. Александар Стојанов, епидемиолог од Центарот за јавно здравје е назначен за нов ВД директор на Центарот.

Арбен Зибери вчера на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека тој помогнал на Комисијата за заразни болести да ги отвори границите, за да може гласачи на ДУИ да дојдат да гласаат на 15. јули.

Министерот Венко Филипче вчера го коментираше тој потег на Зибери, и најави дека ќе биде разрешен затоа што таква изјава не доликува на директор и доктор.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...