8.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаЗоран Заев до Ахмети: Ниту сум пијаница ниту сум бил под дејство...

Зоран Заев до Ахмети: Ниту сум пијаница ниту сум бил под дејство на алкохол.

spot_imgspot_img

Зоран Заев, претседателот на СДСМ, денеска од Куманово , одговарајќи на новинарско прашање, му порача на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека никогаш не бил под дејство на алкохол.

„Ја погоди работата човекот, Ја промаши комплетно. Зоран Заев може да пие македонско вино или да наздрави со чашка ракија, но никогаш во животот не сум бил под дејство на алкохол. Секој пат можам да седам во ресторан, да се дружам со луѓе, но под дејство на алкохол не сум бил никогаш. и тоа го промашил мојот досегашен коалиционен партнер“, рече денеска Заев.

Ахмети на своето последно телевизиско интервју за Заев рече дека во последно време често ја критикува неговата партија затоа што „пие две-три чаши ракија пред митинг“.

“Заев ќе испие 2-3 чаши ракија пред митинг, па после се кае што рекол. Друго зборува по митинзи, друго мене ми кажува на состанок”, рече Ахмети како гостин во албанската телевизија Сури ТВ, одговарајќи на прашањето на водителот зошто Интегративците во последно време се постојано на удар од страна на поранешниот премиер.

ДУИ пред кампањата за парламентарните избори на 15 јули ја лансираше идејата за прв Албанец премиер на Македонија, а Заев на тоа одговори дека за оваа партија подобро е одредено време да биде опозиција.

Заев минатата недела, за последната објавена „бомба“, одговарајќи на новинарско прашање рече дека тоа е последица на негово долго седење во кафеана во неврзан разговор.

– После два саати и 17 минути во кафана на слободен разговор, се слушуваат грешки. Времето покажа дека никогаш не сум имал непријатности, туку напротив имаме одлична соработка. Изработивме заедно многу за нашата земја, рече тогаш Заев на конференцијата пред Собранието.

фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...