15.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаМајката на Пино: Не сум задоволна од пресудата, барам доживотен затвор за...

Мајката на Пино: Не сум задоволна од пресудата, барам доживотен затвор за Ангела.

spot_imgspot_img

Мајката на убиениот Пино Секондо, Маја Трпковска, смета дека пресудената затвроска казна од 19 години за соизвршителката Ангела Ѓорѓиевска е премала.

19 години!!!
Живот земен на младо момче вреди само 19 години???
Доживотен затвор тражам!!!, вели Трпковска.

Според пресудата денешната судска пресуда, Ангела помогнала во извршување на убиството кое според доказите го сторил Али Фуркан кој е во бегство. Првообвинетиот со пушка го застрелал во главата Пино во присуство на Ангела која помогнала безживотното тело да го внесат во кола а подоцна и да го закопаат во атарот на Љуботен.

Ѓорѓиевска, според судот, во текот на процесот никогаш не покажала каење.

Инаку, мајката на Пино половина година активно бараше одговор за судбината со нејзиниот син.

Од скопското обвинителство информираат дека откако завршила сеопфатната истражна постапка, по целосно прибирање на материјалните и вербални докази, го поднеле Обвинителниот акт на 19 септември 2019 година, со кој ја обвини А.Ѓ. дека на 11.12.2018 година како соизвршител, задно со лицето А.Ф. го сторила кривичното дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

Надлежен јавен обвинител во постапката докажа дека критичниот ден, обвинетата го повикала оштетениот, сега починатиот Пинета Секондо Пино, и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и другиот осомничен со возило Опел Аскона, носејќи со себе огнено оружје – пушка. Тој го оставил неговото возило на насипот и седнал да управува со автомобилот Шкода со кое до насипот дошол оштетениот. На совозачкото место седнала обвинетата, додека оштетениот седнал на задното седиште. Тројцата се упатиле по обиколница кон атарот на селото Арачиново и во една нива започнале најпрвин вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент осомничениот со пушката го застрелал во главата оштетениот Пинета Секондо.

Притоа, обвинетата дала особен придонес кон извршување на делото, така што овозможила да се сретнат, го повикала оштетениот, била присутна во моментот на неговото лишување од живот, а потоа заедно со другиот осомничен го ставиле телото на починатиот во багажникот на возилото. Заедно тие се упатиле кон гробиштата во селото Сингелиќ, а потоа се движеле низ планината кон Љуботен. На едно место здогледале дупка, па обвинетата и нејзиниот соизвршител го оставиле телото во дупката, покривајќи го со крупни овални камења, велат од скопското обвинителство.

За осомничениот А.Ф. поради недостапност на органите на прогонот постапката е прекината. За негово пронаоѓање јавниот обвинител презема интензивни дејствија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...