2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаОливер Спасовски го отвори Ролер ски купот ,,Тоше Проески” во Крушево

Оливер Спасовски го отвори Ролер ски купот ,,Тоше Проески” во Крушево

spot_imgspot_img

Премиерот Оливер Спасовски денеска беше во посета на Крушево каде се обрати на отворањето на спортската манифестација Ролер ски куп „Тоше Проески“.

Спасовски, информираат од владината прес-служба, истакнал дека манифестацијата со право прерасна во традиционален спортски настан.

-Оваа година ниту пандемијата со КОВИД-19 не го спречи овој настан. Претставници од повеќе земји пристигнаа во прекрасното Крушево за да ги манифестираат и слават спортските вредности и да и пркосат на заканата по здравјето со афирмација на здравиот спортски живот и навики. Веќе нема сомневање дека овој спортски настан расте од година во година. Го зазема своето место како манифестација од големо спортско значење. Ролер ски купот „Тоше Проески“, како релативно нова спортска дисциплина, го зацврстува своето место во меѓународните спортски манифестации и календари“, рекол премиерот Спасовски.

Тој потенцирал дека Агенцијата за млади и спорт заедно со Скијачката федерација и со сесрдната поддршка на Општината и организацискиот одбор, за многу краток период успеаа да го издигнат ФИС Ролер ски куп „Тоше Проески“ на ниво на останатите меѓународни манифестации во регионот.

-Предноста на овие натпревари е дека резултатите се бодуваат исто како и на зимските натпревари, така што на овие натпревари нашите натпреварувачи и сите учесници добиваат бодови за крајната ФИС листа за бодување и пласман на зимските олимписки игри. Честа што ми е укажана вечерва е дополнително поголема од фактот што овој ФИС ролер ски куп го носи името на нашата најсјајна музичка ѕвезда, нашиот Тоше Проески. Оваа манифестација секоја година не собира во спомен домот на нашиот Тоше, со што овој спортски настан се облагородува од сеќавањата на неизмерниот талент и човечки вредности што Тоше Проески им ги подаруваше на сите нас, навел Спасовски.

Прогласувајќи го овогодинешниот Ролер ски куп „Тоше Проески“ за отворен, посакал натпреварите да течат во најдобар спортски дух, а на организаторите и на Општина Крушево уште еднаш им честитал за успешната реализација на оваа спортска манифестација.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...