14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонија„Охрид СОС“: Багерите на Нефи Усеини копаат песок на крајбрежјето на Охридско...

„Охрид СОС“: Багерите на Нефи Усеини копаат песок на крајбрежјето на Охридско езеро, и кога е тој во притвор.

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ на нивниот Фејсбук профил објави видео од багери кои копаат песок на крајбрежјето на Охрдиското езеро за потребите на бетонската база. Тие велат дека механизацијата е во сопствеништво на охридскиот советник Нефи Усеини и дека локацијата каде се копа е во права линија со базата.

Го пренесуваме сооппштението во целост:

-Викендов се формализираше новата владина коалиција на Guns N’ Roses, или попрецизно, надградената и проширена верзија на претходната, со неколку рокади. Додека мандатарот најавуваше чесни и способни кадри, справување со проблемите и корупцијата, конечно воспоставување правна држава, на брегот на Охридското Езеро, механизацијата во сопственост на Нефи Усеини копа песок од литоралот (односно крајбрежјето) за потребите на бетонската база. Локацијата каде се копа е во права линија со базата . Нашиот сограѓанин кој го сподели видеото се обидел да се доближи до машините и возилата, за подобро да види што се случува, но добил вербални закани: „знаеш ли дека тука е забранет пристап“ и „тргни го телефонот, ќе ти го фрлиме в езеро!“. На механизацијата немало никакви обележја од фирма.
До кога Zoran Zaev како претседател на Влада на Република Северна Македонија и Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид ќе го толерираат нивниот коалиционен партнер Bashkimi Demokratik për Integrim – BDI и нивниот локален експонент Усеини, кој моментално е во притвор откако СВР Охрид поднесе кривична пријава против него за кривичните дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки материјали“ и со денови беше во бегство? Како може советник во Општина Охрид да биде лице на кое е поднесена кривична пријава за сериозни прекршоци и кое ѝ бегало на правдата и службите на прогонот? Зарем бетонската база не се демонтираше и рушеше? Дали Oliver Spasovski и Министерство за внатрешни работи ќе се одважат и ќе ги запрат овие активности на брегот и вистински, до крај, ќе ја спроведат акцијата за прекин на работата на нелегалната бетонска база? Што е приоритет – јавниот интерес, заштита на животната средина и почитување на правдата и законите или еден надмен поединец кој изминативе години е неприкосновен и оставен да прави што сака во општината?
Ако тврдевте дека сега ќе делуваат чесни и способни кадри, тогаш уште денес ќе започнете со брза и бескрупулозна акција и ќе го запрете дивото копање езерски песок од крајбрежјето, ќе ги казните физичките или правните лица кои го вршеле тоа, ќе ја затворите бетонската база и ќе наложите нејзино демонтирање и рушење! Ако на почеток Усеини побарал сам да го стори тоа, а се покажа дека само излажал и купувал време, сега најдете фирма која ќе го стори тоа. Не чекајте, ако Makedonijapat ќе ја руши дивоградбата во Скопје, нека дојдат после тоа и во Охрид, да се продолжи низата. Во спротивно од старт ќе покажете дека новата влада е само лицемерие и неспособност завиткано во убава хартија. Само вистинска и решителна акција ќе покаже дека сите тие зборови не се само празни фрази во етерот.
Ги повикуваме и охрабруваме сите наши сограѓани, сонародници, нека го следат примерот на овој совесен млад човек и да снимат, да фотографираат, да реагираат до институции, медиуми, да бидат активно вклучени, да ги следиме сите девијации и пропусти кои се случуваат, повикуваат од Охрид ЅОЅ.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...