9.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: Вакцината за Ковид-19 нема да е задолжителна но јас и моето...

Филипче: Вакцината за Ковид-19 нема да е задолжителна но јас и моето семејство ќе ја примиме.

spot_imgspot_img

Министерот за здравство Венко Филипче потенцира дека тогаш кога вакцината за ковид-19 ќе биде достапна за нашата земја таа нема да биде задолжителна, но посочи дека тој и неговото семејство ќе се вакцинираат. Вакцината рече Филипче, се развива на безбедна платформа. Таа сега е во трета фаза на испитување, се виде дека дава антитела, но мора да се почека да се види колку ќе траат тие за да се знае дали ќе треба една или две дози.

– Вакцината не е во календар и нема да биде задолжителна, барем не на почеток. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, кои ќе бидат препораките – рече Филипче во емисијата „Само вистина“на Канал 5 телевизија.

Но, како што рече, многу е битно да се види дека дури сега сите сфаќаат колку е битно да има вакцина за некое заболување. Поради постоење вакцина кај нас за само шест месеци се заврши епидемијата на морбили, а сега за ковид-19 никој нема таков инструмент и затоа пандемијата не може да заврши.

За пристап до вакцината за коронавирусот, како што рече тој, постојат два механизма. Едниот преку СЗО механизмот наречен КОВАКС, преку кој оваа организација се обврза еднакво да дистрибуира вакцина до сите земји се додека не се вакцинира 20 отсто од населението.

Вториот механизам земјава да дојде до вакцина, објасни министерот, е преку ЕУ. Оксфордската вакцина која се очекува да ја произведува „Астра Зенека“, земјава ќе може да ја добие преку полската амбасада која ни дала понуда да купиме одреден број дози од тие кои ќе им бидат доделени ним. Реалните очекувања, според Филипче, се вакцина да биде достапна на почеток на 2021 година.

Како друг начин на заштита пред претстојниот есенскиот период кога се очекуваат и настинки, сезонски грип и други инфекции, министерот Филипче посочи дека испланирале за годинава да бидат обезбедени двојно повеќе дози од лани. Така годинава ќе има достапни бесплатни 60 илјади дози вакцини за сезонски грип.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...