9.9 C
Ohrid
вторник, септември 17, 2024
ПочетнаМакедонијаTаравари: Мала земја сме во географска смисла, но гиганти во криминалот и...

Tаравари: Мала земја сме во географска смисла, но гиганти во криминалот и корупцијата

Решението на проблемите се состои од два збор, техничка влада, вели
потпретседателот на Алијанса за Албанците (АА) и градоначалник на Гостивар.

Тој во освртот на актуелната политичка состојба, објавен на неговиот фејсбук профил, за надминување на состојбата во Македонија, бара итно формирање техничка влада.

– Не е доволно само да се фокусираме на проблемите. Решението се состои во два збора, техничка влада. Без партиски натпревар, затоа што ако нешто ни стана јасно досега е дека таквите натпревари се манипулираат и нема победник, туку победен. Партискиот каприц треба да излезе од врата и од ѕидовите на владините седишта и да почне да функционира кабинет кој наместо своите ќе ги полни џебовите на граѓаните, пишува Таравари.

Тој во оценката каде е потребна стручна интервенција како жаришта ги посочува корупцијата, невработеноста, образованието, здравството и администрацијата.

Таравари оценува дека сме мали во географска смисла, но „гиганти“ во однос на корупцијата.– Економијата ќе земе здрав здив само ако соодветно се „таргетираат“ овие пет невралгични точки, бидејќи на Македонија не ѝ недостигаат пари туку транспарентност. Парите на народот одат на сметка на една мала група, па така градовите имаат по 4-5 газди, а останатите се слуги или непријатели на дворот, коментира Таравари.

Според него, техничка влада ќе мора како приоритет за излез од кризата на историските дилеми да работи на усогласување на владиниот и ЕУ – календарот и во неа да членуваат експерти од нивните области без политички врски.

– Токму во такво „руво“ Владата би дала пример за сите други, идни влади, работејќи и не очекувајќи пофалби и комплименти, туку успешно завршувајќи ги своите задачи. Сега е време на сите оние дами и господа кои се истакнаа во аулите на домашните и меѓународните универзитети, кои си ја сакаат земјата и народот, да дојдат до израз. Сега е време да владеат експерти, заклучува Таравари.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во петок литија со икона од Света Гора во центарот на Скопје

Во петок, на 20 септември во Скопје, монасите од Света Гора заедно со игуменот на манастирот Хиландар, преосветениот архимандрит Методиј, ќе донесат копија од...

Претседателката: Видов дека го нема знамето и мислев да си заминам, но ќе направев скандал

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска објасни како дошло до дипломатскиот пропуст со неистакнувањето на македонското знаме на средбата со Румен Радев во...

Семејно насилство во Скопје: Постариот брат го тепал помалиот, а помалата сестра ја претепала постарата..

Во текот на вчерашниот ден биле пријавени два случаи на семејно насилство во едниот постариот брат го тепал помалиот во вториот случај помалата сестра...

Владата пресече: Протестна нота поради отсуство на македонското знаме во Бугарија

Само една седмица откако ги предаде копиите од акредитивните писма, бугарскиот амбасадор денеска повторно беше во Министерствто за надворешни работи. Овојпат за тој да...