2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаИ Европа е сакаме ама Гоце Делчев не го даваме: Илjадници граѓани...

И Европа е сакаме ама Гоце Делчев не го даваме: Илjадници граѓани на протестниот марш !!

spot_imgspot_img

Гоце Делчев е еден од најсветлите ликови врз чии постулати почива современата македонска држава. Со него нема преговарање, Делчев не го даваме! Ова се дел од пораките кои македонскиот народ вечерва, сплотено, ги испрати од протестниот марш.

Пред илјадниците граѓани се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој рече дека Гоце го има во химната, Гоце Делчев е Македонија. Патриотизмот не е демоде ниту антиевропската политика. Македонизмот не е ништо помалку важно од Европеизмот. Тука сме и за ЕУ и за Гоце Делчев.

– Не смееме да дозволиме да станеме територија. СДСМ предводено од Заев не е за ЕУ, тој е се спротивно од европската вредност. Таму нема обвинители кои се заедно со врхушката од власта. Тие ја поскапеа струјата и го осиромашуваат народот. Склопуваат договори со анти ЕУ бизнисмени од 200 милиони евра. Тие се против ЕУ за да можат да крадат и не одговараат. Тие се мафија. Нашата идинина е во ЕУ и таа ќе дојде, но без овие луѓе на власт. Заев не е идината туку заканата за овој народ. Сакаат да го продаат Гоце за да си доделат уште некоја лиценца за производство на марихуана. Македонија освен мафија има народ кој си ја сака државата. Овој народ го сака Делчев бидејќи е симболот на Македонија. Тој е нашата тврдина која нема да ја напуштиме. Делчев обединува, а СДСМ разединува. Мафијата не е посилна од вистината. Ајде од оваа наша држава да направиме гордо и достоинствено место за живеење. Опаметете се, Делчев е нашиот Мечкин Камен и нема да отстапиме, порача Мицкоски.

Протестот започна пред зградата на Министерството за правда, а преку мостот „Гоце Делчев“, заврши пред Министерството за надворешни работи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...