13.4 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаАтиџе Муратова: Бев гладна и нервозна, затоа и се онесвестив !!!

Атиџе Муратова: Бев гладна и нервозна, затоа и се онесвестив !!!

Атиџе Муратова, хероината на македонскиот документарен филм „Медена земја“, денеска во Скопје на улица Македонија присуствуваше на отворањето на настанот „Денови на македонскиот мед“, но во еден момент се онесвестила.

Веднаш по несаканиот настан била повикана и брза помош.

Инаку, ситуацијата се случила за време на говорот на присутните функционери од власта и од општината.

Муратова моментално е во добра здравствена состојба, а по пружената здравствена помош заминала кај пријателите.

Атиџе, за „ММС.мк“ ја кажала причината поради што ѝ се слошило:

„Не почувствував ништо претходно. Да почувствував ќе се придржев за нешто. Но, така од нигде-никаде ми се слоши, паднав и со главата малку се удрив. Немам никакви здравствени проблеми, освен што слабо јадев затоа што немав апетит бидејќи многу се нервирав“ – изјавила Атиџе за „MMС.мк“.

„Им благодарам на сите што ми помогнаа, на лекарите и министерот. Дојдоа лекарите, ме прегледаа, немав проблеми со притисокот, немав проблеми со шеќерот, освен што бев гладна. Сега сè е во ред, добро се чувствувам. Кај пријател сум на гости, јадев, пиев вода и добро сум“ – изјавила Атиџе.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...