18.9 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаМакедонијаМурињо со замерка за головите на стадионот во Скопје, тие биле пониски...

Мурињо со замерка за головите на стадионот во Скопје, тие биле пониски за неколку сантиметри !!!

spot_imgspot_img

Големата Арена во Скопје се прослави со помал гол. Светски популарниот тренер Жозе Мурињо се пожали и објави слика на Твитер пред почетокот на натпреварот со Шкендија во рамки на квалификациите во Лига Европа. Мечот се најде во фокусот на светската спортска јавност откако „специјалниот “ како што го нарекуваат Мурињо твитна.

„Помислив дека сум пораснал, но всушност голот беше за пет сантиметри понизок. “

Ова го забележал голманот на Тотенхем и реагирал кај својот тренер. Го повикале делегатот кој веднаш извршил мерење.

Мурињо беше незадоволен и од теренот и тоа не го криеше во изјавата по одиграниот меч во кој победија со 3 спрема 1.

Според информации на Сител, најпрво реагирале дека стативата е пониска за 10 сантиметри па 5, но по мерењето се утврдило дека фалат 2-3 цм. Забелешката била дадена пред загревањето па на Градски стигна нова конструкција.

Според директорот на Арената Тодор Проески , пред секој ваков натпревар делегат од УЕФА прави проверка на сите технички работи и тој дава зелено светло. Во неформален разговор за Сител на шега вели твитот си го направи своето, затоа и го нарекуваат „специјалноиот“ секогаш се издвојува од другите.

„Димензиите на рамките на головите беа во рамки на УЕФА правилата, односно делегатот на УЕФА и судиите констатираа дека се во рамки на дозволеното отстапување. По реакцијата на тренерот на Тотенхем, во интерес на натпреварот , висината на двата гола веднаш беше минимално корегирана“, велат од претпријатието.

Од ФК Шкендија официјална реакција нема. За Сител велат ние го закупуваме теренот, плаќаме и добро е што веднаш го сменија голот.

Поради подготовка на теренот за следниот важен натпревар помеѓу Македонија и Косово надлежните не ни дозолија снимање, но аматерското видео можеше да се забележи дека на теренот фалеше една статива. На квалитетот на тревникот забелешка имаа и неколку македонски репрезентативци кои по дуелот со Ерменија на почетокот од месецов, порачаа ако треба да играат на ваков терен подобро да бараат нов стадион.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Силјановска ќе добие поддршка од Максим Димитриевски во вториот круг

Се слушнавме и со господинот Максим Димитриевски. Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во Куманово. Очекуваме поддршка за...

Од денес погледот кон небото нема да е ист!

Од денес погледот кон небото нема да е ист! Од денес над нас, тука во Драчево стои еден моќен симбол на верата,...

„Вејце ниту се простува, ниту се заборава“ – Македонците паметат! Горат социјалните мрежи на годишнината од крвавиот масакр

Социјалните мрежи се преплавени со објави по повод 23-годишнината од масакрот кај Вејце, откако од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и...

Ахмети: Ништо нема да ѝ се случи на земјата, ако ги ставиме Бугарите во Уставот!

Ние мора да ги решиме проблемите со соседните земји. Ништо нема да ѝ се случи на земјата, ако ги ставиме Бугарите во Уставот. Охридскиот...