6.1 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаПремиерот Зоран Заев денес слави роденден-полни....

Премиерот Зоран Заев денес слави роденден-полни….

spot_imgspot_img

Денес лидерот на СДСМ и Премиер на РСМ Зоран Заев полни 46 години .Зоран Заев е роден во 1974 година во Струмица. Израснал во земјоделско и традиционално семејство, опкружен со членови на семејството кои, според неговата владина биографија, биле „просперитетни бизнисмени, активни и почитувани во социо-политичката и економската сфера на македонското општество“.

Заев се зачленил во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во 1996 година. Во 1997 година дипломирал на Економскиот факултет во Скопје каде продолжил со постдипломски студии по монетарна економија и финансии. Истата година бил вработен во семејното трговско друштво „Тргопродукт“ од Струмица каде напредувал до директорската функција која ја презел во 2001 година. Во периодот од 1998 до 2003 година дополнително вршел неколку други функции, членувајќи во управните одбори на неколку локални компании и бил претседател на управниот одбор на јавното комунално претпријатие на Струмица

Од 2003 до 2005 година Заев бил пратеник во македонското Собрание.Денес Заев по втор пат е премиер на  владата на Република Северна Македонија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...