9.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонија30 годишниот Давид од Скопје се пресели во село за да чува...

30 годишниот Давид од Скопје се пресели во село за да чува кози, како што и сам кажува козите се мелем за душа !!

spot_imgspot_img

Кафе на ливада ми е најубаво, собирам печурки, од шипинки ќе правам ликер, јарците се најопасни пред парење, а имав посетителка и од Јужна Кореја“, се само дел од прекрасните работи што ни ги раскажа Давид за животот во селото Раштак.

david-30-od-skopje-se-preseli-da-chuva-kozi-na-selo-kozite-se-melem-za-dusha-a-cel-mi-e-rashtak-da-go-napravam-svetski-slavno-01.jpg

Давид Неделковски е 30-годишно момче кое од Скопје се преселило во селото Раштак за со своето семејство да чува кози.

Овој храбар потег, на кој многумина гледале скептично, за него испаднало дека е најдобрата животна улога.

Тој го напуштил градот и сега живее во духот на природата со сите дарови кои таа ги нуди.

david-30-od-skopje-se-preseli-da-chuva-kozi-na-selo-kozite-se-melem-za-dusha-a-cel-mi-e-rashtak-da-go-napravam-svetski-slavno-06.jpg

За животот во Раштак и плановите за иднината проговоривме со инспиративниот Давид:

Пред колку години одлучи да му кажеш збогум на урбаниот живот во Скопје и да се преселиш во Раштак?

Пред речиси цела деценија одлучивме јас и моите родители да се преселиме од Скопје, да одгледуваме кози и да произведуваме козји млечни производи. Изборот за село Раштак не е случаен, од таму сум по потекло, дедо, прадедо …

david-30-od-skopje-se-preseli-da-chuva-kozi-na-selo-kozite-se-melem-za-dusha-a-cel-mi-e-rashtak-da-go-napravam-svetski-slavno-13.jpg

Зошто Раштак е село кое треба да го посети секој?

Раштак се наоѓа на околу 12 км од Скопје, има јавен градски превоз, асфалтиран пат и богата биоразновидност, од дрвата најзастапен е дабот од каде што го добило и името, даб, храст – храстово дрво кое се менувало со текот на времето.

Покрај дабот застапен е и јасен, габер, бука, леска, дрен, костен, слива, шипинка, капина, трнинка, папрат, глог, диви крушки и јаболка, куп различни треви, билки и габи.

david-30-od-skopje-se-preseli-da-chuva-kozi-na-selo-kozite-se-melem-za-dusha-a-cel-mi-e-rashtak-da-go-napravam-svetski-slavno-12.jpg

Колку жители има селото? Како ве прифатија староседелците?

Селото брои околу 500 активни куќи, а сè почесто запознавам и нови жители кои го пронашле својот спокој во Раштак и неговата природа. Со оглед на тоа дека по потекло сум од Раштак и голем дел од детството го поминував тука се познавам со соседите, се разбираме и почитуваме.

Иако на почетокот од нашава одисеја некои гледаа со презир и беа скептични дали ќе издржиме.

david-30-od-skopje-se-preseli-da-chuva-kozi-na-selo-kozite-se-melem-za-dusha-a-cel-mi-e-rashtak-da-go-napravam-svetski-slavno-07.jpg

Како изгледа еден твој работен ден?

Сега се движиме кон крајот на сезоната на млеко, а со тоа се намалуваат и обврските. Се будам околу 8:30 пиеме турско горко кафе со неколку цигари и се качуваме на молзење, додека молзиме козите добиваат појадок, а потоа излегуваме на прошетка, додека козите ги јадат желадите кои паднале во текот на ноќта.

Уживам и дегустирам од сирењата и млечните експерименти со некоја префинета пијачка, но за жал тој дел брзо ми поминува, потоа се прибираме во шталата и козите одат на спиење, а јас обично читам нешто што ми е од интерес.

За повеќе информации на следниот линк:

Давид (30) од Скопје се пресели да чува кози на село: „Козите се мелем за душа, а цел ми е Раштак да го направам светски славно“

Извор: Црно Бело

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...